Познатиот и популарен руски психолог Михаил Литвак за сајтот Econet.ru, раскажа приказна од својата ординација:
„Еден ден кај мене во ординација дојде Марија. Нејзиниот проблем беше следен- не можеше да најде маж за себеси. Марија е образувана и многу успешна директорка на една фирма, а зад себе има пропаднат брак и две, веќе возрасни ќерки.
Во секој поглед таа е успешна жена освен во љубовта. Марија сакала. Лудо била заљубена во својот сопруг, затоа и се омажила за него. Додека таа се образувала и грабела напред, градејќи кариера, нејзниот сопруг бил обичен работник во фирма со просечна плата. Немал желба за професионален напредок.
Додека кариерата на Марија се развивала, додека таа одела кон врвот, тој станувал се понезадоволен и нивниот брак многу трпел.
Еден ден Марија отворено го прашала што да направи за да го зачува нивниот брак. Напушти ја својата работа и грижи се за семејството- била неговата заповед.
Марија прифатила. Дала отказ и станала домаќинка. Се само да има мир во куќата. Меѓутоа, тој мир никако не доаѓал. Зошто? Мажот бил огорчен бидејќи ништо не му одговарало.
Му сметала Марија која нонстоп седела дома. Се го потсетувало на фактот дека таа успеала во животот, а тој не.
Кога ситуацијата во бракот не се поправила ни по неколку години, Марија одлучила да се разведе. Го оставила сопругот и почнала од почеток.
Сама ги школувала ќерките, пак кариерата ја подигнала од пепелта, но и понатаму немала среќа во љубовта. Затоа и се обратила кај психолог.
Еве што е нејзиниот проблем: Ако вашиот партнер не расте и не се развива со вас, тогаш оставете го без двоумење. Не трудете се да го промените, не губете време.
Марија се жалела на неправда, бидејќи оние мажи кои и се допаѓале нејзе ( успешни деловни луѓе), покрај себе имале жени домаќинки, мајки, без кариера и успех.
Оние мажи на кои Марија им се допаѓала биле женкари, кои не доаѓале во обзир. Мој совет за Марија беше да гледа малку меѓу успешните луѓе кои имаат исти интереси како неа.
Ако доволно долго гледа, ќе го пронајде она што го бара. Затоа, жени- пишувајте докторати, грабете напред и никако не се вртете позади себе. Не гледајте ги луѓето позади вас, тие ќе ве повлечат на дно.
Ништо добро нема да излезе од тоа. Дури и ако потполно се промените, да станете она што тие го бараат од вас- ни тогаш нема да им чините! Подобро бидете сами, отколку во лошо друштво!“