НЕВЕСТА ДОЖИВЕА НЕПРОСТЛИВО НАВРЕДУВАЊЕ НА СВАДБА: Погледнете ја нејзината реакција – некои ја жалат, други велат, тоа е вистинска жена

0

Неверојатен гаф се случи на една свадба, а „жртвата“ беше невеста која мораше да трпи да ја нарекуваат со погрешно име на својата венчавка. И тоа не беше било чие име…




Најлошото нешто што можете да го направите кога сте во врска е да го повикате вашиот сегашен партнер со името на поранешниот или поранешната. Им се случило на многумина и сите велат дека се нашле во многу незавидна ситуација, во однос на партнерот.




Уште полошо е ако го сторите тоа за време на водење љубов. И, практично е непростливо кога ќе бидете повикани со името на поранешната љубов на младоженецот, на вашата венчавка.




Токму тоа се случи на една свадба, а „негативецот“ кој го стори овој непростлив грев, за среќа не беше младоженецот. Бидејќи, да беше така, којзнае дали оваа веселба ќе завршеше така како што заврши, со среќен крај.




Додека младенците заедно со деверушите и кумовите се подготвуваа за групна фотографија, сакајќи да им ги дадат последните упатства, фотографот го извикуваше името на невестата. Всушност, името на нејзината претходничка…




„Кори и Тејлор, погледнете се еден со друг“, рече фотографката и веднаш сфати дека не е во право.

За чудо, невестата се смееше и го погледна младоженецот, кому очигледно воопшто не му се допаѓаше оваа ситуација.




Да бидат работите уште полоши, ова не беше единствениот пат кога невестата беше именувана по нејзиниот поранешен. Фотографката ја повтори оваа грешка уште два пати…




За среќа, невестата сфатила сè како шега и не само што не се налутила, туку од срце се смеела на овој гаф. Поради ваквата реакција, таа доби огромен број позитивни коментари на социјалните мрежи, каде е објавено ова видео.




„Чувај ја како очи во главата, таа е вистинска жена“, велеа присутните.

За воља на вистината, имаше и такви кои ја сожалуваа, верувајќи дека таа со смеењето се обидела да ја прикрие тагата и незадоволството што се најде во сенката на поранешната љубов на нејзиниот сопруг…




Како и да е. На крајот сè добро се заврши, а инсертите од оваа случка, можете да ги погледнете на видеото ТУКА

Претходна статијаТопење – Цеце од „Телма“ го покажа синот и му упати емотивна порака (ФОТО)
Следна статијаНашата позната пејачка има 53 години а изгледа како тинејџерка, се пофали дека успеала да го фати (ФОТО)