Една од нашите најпопуларни групи е секако Ареа. тие се познати по песните „Сите мои слики“, „Нешто недостасува“, „Јас сум ти пријател“, и многу, многу други кавлитетни нумери.
![]()
![]()
![]()
![]()
Групата е од Гостивар, а нивна пејака е Ружица Милошевска- Брчиоска. Нејзиниот сопруг Ивица Брчиоски е исто така дел од групата и автор.

Ружица која со групата Ареа ја промовираше песната Отсекогаш, пред извесно време луто изрегира на Фејсвук, прортив сечењето на дрвата во Гостивар:




Уште колку ќе сечете од овие драгоцени дрвја вие уништувачи на животот??? Липата е следна или сега конечно ќе застанете откако си го исчистивте теренот? Птиците остануваат без дом, ние без воздух, ама тоа вас не ве интересира, нели? Или тоа воопшто и не можете да го сфатите, тоа воопшто и не допира до вашата свест?




Во својов нов пост, пејачката дава поучен животен совет. Животната филозофија на Ружица може да помогне на многумина и вели:

-Ако нешто многу те нервира, наместо да трпиш или бараш издувен вентил во друго, преземи активност во врска со тоа. Каков и да е исходот, смиреноста доаѓа зашто си се соочил со проблемот, а не зашто си избегал од него!




Ружица и Ивица имаат ќерка Елена, која е студент. „Елена има 23 години. Талентирана е и за музика, но не го одбра тој пат во животот. Ја одбра архитектурата“, изјави Ружица за својата ќерка.




Познатата пејачка е вегетаријанец и многумина ќе се согласат дека таа како да не се менива, туку изгледа многу младолико, како на почетокот на кариерата.
Веројатно дека начинот на исхрана е причина за добра линија, но тука сакам да напоменам дека и внатрешниот став е доста важен за изгледот.




И не само за изгледот, туку и за целокупното здравје. Согледав дека многу е важно да не живееш стресно, колку што е тоа можно.
Или пак со други зборови да можеш да го обработиш стресот и да го исфрлиш од себе, да извршиш детоксикација, за да не може да ти наштети“, вели Ружица.
![]()
![]()
![]()
![]()
Верувале или не, Ружица наполни 53 години. Таа на Фејсбук објави фотографии како го слави роденденот во пандемски услови во април месец, само со најблиските.

– Колку сме, токму сме. Happy B-day to me“, напиша Ружица под сликите од семејната прослава.




Сега на Фејсбук се појавија слики од семејниот одмор на Ружива и на Ивица. И двајцата уживаат во убавините на плажата и на морето, но не открија на која дестинација се.
И овој пат, секоја чест за изгледот и за стајлингот на Ружица, таа изгледа како да е тинејџерка.




Ружица објави прекрасни, уметнички слики од зајдисонце чиј автор е нејзиниот сопруг и напиша: Го фатив ? Photos by Ivica Brchioski.





























