Новинарката Мери Јордановска која секогаш отворено зборува за состојбите во нашето општество, неодамна ги пренесе зборовите на д-р Милош Бабиќ молекуларен биолог и невробиолог на тема: Која вакцина колку не штити од делта-сојот?
-Анализа на д-р Милош Бабиќ: Во наредните месеци, вакцинираните ќе продолжат да си ги живеат своите животи, а Ковид-19 ќе продолжи да „удира“ кај невакцинираната популација.
Некои од луѓето кои се плашат од вакцина полека ќе го променат своето мислење.
Некои пак, нема да ја сакаат вакцината по ниту една цена и таквите порано или подоцна ќе се заразат. Повеќето ќе го прележат вирусот, често без поголеми проблеми и ќе речат „ете, гледате, не ми требаше да се боц-кам, ова не е ништо“.
Помал број, пак, ќе имаат тежок облик на болеста, последици или см-рт, а тие (или нивните семејства) можеби ќе го променат мислењето, но ќе биде предоцна.
За повеќето целосно вакцинирани, останува заканата дека понатамошните мутации ќе продолжат да се шират кај невакцинираната популација, што дополнително ќе ја намали ефикасноста на вакцините.
Неодговорноста на невакцинираните исто така значи дека постои поголема веројатност да биде потребна дополнителна доза против соевите“, го цитираше Јордановска д-р Бабиќ на својот Фејсбук профил. Познато е дека таа е голем љубител на животните, и на шеговит начин зборува за својот мачор:
– Во целост ги демантирам информациите дека сум се обидувал да крадам од канта за ѓубре!
– Ама господине, дел од кантата ви виси… Тоа се лажни вести.
(Тајсон во Македонија, како службено лице)“, напиша неодамна таа на Фејсбук. Новата објава на Јорадновска исто така предизвика моментари кај пријателите:
-Одмараш и наеднаш слушаш звук, стакло ти лета во фаца, врз постелнина, до другата соба, а тоа уствари само уште една работна задача на камиказата да ја среди мојата омилена столна ламба која е три пати потешка од него, пробуваш да исчистиш, шанса нема, сурфаш „како се чистат срчи заглавени во постелнина“, на крај си на раб на нервен слом и викаш, ќе нарачам пица, на нервна база.
Ја нарачуваш, стига, дур си отишол да измиеш раце пак слушаш звук, тоа камиказата решила дека тањирот со пица е поставен на погрешно место.
И кечапот секако, за глетката да биде подраматична. Гледаш и викаш ок, ова не се може, ќе си легнам.
Се будиш во 5,30 нормално зошто те боцкаат закачени стакленца на тебе, викаш ова мора да се исчисти, ама…нема струја! Нема струја. Полнач за цигари 0%, полнач за телефон 19%, полнач за лаптоп 30%. А камиказата спие, му завршила смената.
И така ви ги гледам сликите од мориња и планини, и си викам, колку тажно, ич не знаете да уживате значи.“, рече Мери, зборувајќи за својот мачор Тајсон.“