Лиса Баута: Ние ли кои седиме по чајџилници и оговараме нечии туѓи деца се најдовме запрепастени од вчерашниот настан во Штипско

0

Вчера изутрина, македонската јавност со неверување ја дочека веста за момчето и девојката од Штип и од селото Аргулица кои, одлучиле да си го одз ем-ат животот, според многумина нивни сожители, поради недозволена љубов.




Од Јавното обвинителство пак, велат дека не станува збор за недозволена љубов, туку  поради некои други недоразбирања на младите сопружници кои се разделиле и последнава година не живееле заедно, пренесува СДК.МК.




-Роднини и пријатели на момчето, кое е син на штипски полицаец, велат дека тој бил разочаран што се разделил од сопругата, па кога дознал дека нејзините сакале да ја омажат за друг решил да го направи тоа што го направил..




Кога дознала што се случило, и сопругата одлучила да го стори истото, во една помошна просторија од нивната куќа во селото Аргулица. Основен јавен обв инител кој извршил увид на местата на настанот, работи и на утврдување на причините и мотивите, пишува порталот, а пренесува Сител.




Социјалните мрежи вчера беа полни со коментари за немилиот настан. Со свој коментар се огласи и Лиса Баута Шаќири, кој во повеќе наврати изминатиот период, ги коментира актуелните општествени текови во државата:




„Не ми е јасно зошто се чудиMе, сме се запрепастиле од тра геди -јата на двајцата млади кои си го одз емаа животот поради забранета љубов.

Секој од нас, барем еднаш во животот ос удил нечија љубов. Кој мегу вас е “чист” нека ми фрли камен!

Ние, тие истите кои цел ден јадеме го ..а како онаа млада лепотица се “фатила” со тој старецот за слава и пари.




Како тој ја напуштил сопругата за спонзоруша дупло помлада, како таа некоја го оставила мажот кој не ја погледнал 2 години а односи последно имале кога го зачнале третото дете, за некој 10 категории по неспособен од мажот…

Ние, истите тие, кои нашите деца од мали ги учиме да не ни помислат да се мешаат со друга вера, друга нација.




Ние, кои место да си ги воспитаме девојчињата да се независни и свои, место да инвестираме во нивен емоционален раст и интелектуален развој, инвестираме во филлери, ботокс, фризура, облека, вештачки трепки и нокти, за да најдат некој “добро ситуиран” кој практично ке ги вдоми и храни!




Ние, истите, кои штом дознаеме дека наше дете се гледа со некој, прво што прашуваме е : “што работи татко му”? “Колкава плата има”? “Станот под хипотека му е или чист”? “Дај да отвориме катастар да видиме..




Ние, кои уз литар вино и 2 кутии цигари, благо хис тер -ични, броиме со колку партнери имала односи некоја тинејџерка која излегува по втор пат со нашиот син; а по чајџилници седиме со наши 50 годишни пријатели и оговараме 16 годишна ќерка на оној комшијата за да нашата ја воздигнеме!




Принцеви и принцези на мамичка и татичко секогаш заслужуваат подобро од тоа што одбрале, па ние сега тука ке истураме фру страции и ќе забрануваме детето наше да се “меша” со некој (па да ст ра да како сто ние ст рад аме).




Ништо не сме различни од тие кои ги нарекувате копита и сељачана!

Можеби не можеме да се смениме, ама добро е малку да се свестиме!“

Претходна статијаМлад и успешен доктор – ВМРО го објави својот прв кандидат за градоначалник
Следна статијаЗдравствените работници кои биле на одмор, за да се вратат на работа ќе мора да бидат имунизирани или да приложат негативен тест – Србија повлече решителен чекор