Ламбе објави емотивно фото со сопругата: Кога бевме млади и убави (ФОТО)

0

Ламбе Алабаковски е еден од нашите најпознати пејачи. Иао во псоледно време живее во Америка и и не е активен во музиката, неговите песни никој не ги заборава.




Во едно постаро интервју за Попара.мк, Ламббе зборуваше за своето детство и палавштините. Познато е дека тој е од селто Љубојно кое е близу Преспа.

-Најискрено пораснав слушајќи плочи и касети, најчесто ги слушав “Beatles”, “Здравко Чолиќ”, “Бело Дугме”… но, како мој најголем пејач бил и останал нашиот ангел и голем човек Тоше Проески.




Мислам дека човек не може да ги заборави првите симпатии и глупирањето за да се дојде барем до еден бакнеж во образ. Јас се сеќавам на мојата симпатија и ден денес сум во контакт со неа.




По завршувањето на средното музичко образование се запишав на Еуро колеџот во Куманово, каде ги завршив студиите. Завршив бизнис администрација, нешто без многу уметност и сенс.




Но, никогаш не запре желбата да се запишам на Музичка академија. За мене никогаш не е доцна за работите, потребно е само да постои љубов и желба, тоа е доволно за да се почне“, рече Ламбе тогаш.




Пејачот е сега, по сторињата што ги става на Инста, дома во Македонија. Прво се пофали дека е во родното село Љубојно, потоа стави слика од синот како игра фудбал во Битола, а потоа имаше сториња се од Грција.




Ламбе на голема врата ги фали апартманите со пет ѕвезди во кои ужива на Халкидики, во местото кое е популарно за македонците, Калитеа.

Дома чувството е неописливо со зборови. Благодатно, исполнето, душата на место и секако носталгијата е побиена, ја снема! Среќни сме сите многу , кога си отсутен повеќе време учиш сè повеќе да цениш што е татковина и дом“, рече во Женски магазин тој и продолжи:




Михаил сака разни игри поврзани со адреналин, по природа и е доста активно дете, музикален е, но срамежлив засега, посетуваше неколку Христијански градинки и кампови (бидејќи тука во скоро сите цркви има школо од најмала возраст, некои и до осмо одделение.)




Димитриј е многу радосно бебе, исто така овие денови сè помалку се спие и одмaра особено сега кога има први запчиња“, рече Ламбе за своите синови.

Тој живее во Детроид, но сега ужива дома , а ужива и во спомените со својата сакана Магдалена. Пејачот сподели слики под која напиша: Кога бевме млади и убави, но тие се и сега млади и убави!

Претходна статијаСинот на Лепа Брена направи голема промена, Перо Антиќ го нарече братче и му постави прашање (ФОТО)
Следна статијаРебека откако беше на протест пред Владата, бара поддршка за повеќе права