Кристијан, внукот на Тоше се врати во Крушево, ужива во летни лудории (ФОТО)

0

За Кристијан Ристески, младото момче од Крушево се знае дека е музички талентиран, а само еден доказ за тоа е песната „We are blo od“ што ја сними како посвета на Тоше, пред две години.




Кристијан не сака споредби со својот вујко, Тоше Проески затоа што вели дека си гради свој музички стил. Тој беше во основно училиште кога го загуби вујко му. Денес, Кристијан има 22 години и студира музика.

-Приказната за таа песна е многу долга и широка, но еве накратко.. Додека вујко ми го подготвуваше неговиот англиски албум „The Hardest Thing“, во Крушево, јас постојано бев околу него и го следев што прави, како свири…




Одвреме навреме си ја потпевнував „Nothing Else Metters“ од Metallica, бидејќи тогаш таа ми беше омилена и така некако спонтано настана и „My Little One““, рече Кристијан за песната што ја промовираше во 2018 година.




Студирам музика во Скопје, но не би рекол дека целосно сум одлучен да се занимавам со неа, односно дека би правел песни, засега само премногу ја сакам и многу ме исполнува“, рече тој за „Точка“ и потоа дополни:




Песната е снимена на иницијатива на Енди Рајт, тој е британски продуцент на неколку албуми на вујко ми, а воедно и на овој последно објавен албум „Secret Place“. Искрено, јас сум многу пријатно изненаден од тоа како публиката ја прифати мојата песна и многу ми е драго за тоа.




Јас немам план за во иднина, едноставно му оставам на времето да покаже што треба да е следно.“, изјави Кристијан.

„Колку е популарен вујко ми сфатив на Градскиот стадион, на претпоследниот концерт во 2006 година, и на последниот 2007 година. Пред последниот концерт јас имав еден проблем.




Пред концертот бевме во Злокуќани, во куќата каде што живееше, игравме Плејстејшн.

Јас тогаш јадев многу благо, и испив цела туба чоколаден прелив. Пола саат пред пробата, добив труење на желудник, и наместо на проба отидовме директно во болница, па од болница на Градски“, раскажа Кристијан еднаш.




Иако за него велат дека ги освојува женските срца, тој не зборува многу за медиумите, а за приватниот живот малку му се знае. Кристијан одамна се има преселено од родното Крушево, во кое оди, и често живее во Скопје.




Тој објави слика од својата убавица, гитарата која отсекогаш многу ја сака. Славните музичари, своите гитари обично така ги нарекуваат.

На сликата која е на Инста стори се гледа дека тој живее некаде во центарот на Скопје и ужива во убав поглед.




Но, дома си е дома, па така и Кристијан си се врати дома, во Крушево на одмор и објави слика од езерото во Крушево, каде што и тој и Тоше и сите крушевчани се капат во лето.




Тој објави снимка од свој пријател како се фрла во езерото и сео тоа потсети на своите детски радости во родниот град.

Претходна статијаЕмотивна исповед на Трифун Костовски: Единствено нешто што сум укpал во живот се цреши од кај соседот
Следна статијаГраѓани на Лесковац против концерт на Цеца: Наместо нејзе, дајте ги парите на дечиња на кои им се потребни