Каролина Гочева неодамна ја издаде песната „Идила“ која беше е најава за нејзиниот нов албум, кој треба да излезе на есен. Каролина пее преработени македонски хитови од постари познати пејачи.
Идејата се појави уште после нашиот прв заеднички настап во 2016та на концертот на Дуке во „Метрополис Арената“.
Tогаш за првпат се споивме и ја изведовме “Празно е без оваа љубов” евергрин напишан од татко му на Дуке, Тодор Бојаџиев – прекрасна љубовна песна која ти остава кнедла во грло…
Па така и понатаму размислувањето ни беше во таа насока. Вистински, идејата почна да се раѓа после мојот престој во Њујорк во 2019, кога речиси секојдневно се дружевме и разбирливо, голем дел од времето бевме околу пијано, испробувавме различни жанрови на песни и многу бевме задоволни од тоа како звучиме заедно, па така почнавме и гласно да размислуваме за албум каде ќе сме само ние тројца.
Првичниот план беше да издадеме во 2020, но поради познатите околности и нашата замисла мораше да се одложи па спремно чекавме подобро време“, рече Каролина во Женски магазин.
Каролина го даде следниот одговор на прашањето: Колку си самокритична и строга кон себеси, и во работата и во животот воопшто, таа одговори:
-Поприлично. Не знам дали е тоа добро или лошо, ама некогаш баш знам самата да си се “уб ијам во поим” (се смее). Како и да е подобро тоа , отколку обратната варијанта (се смее).
Кога бев (по)млада и несигурна знаев повеќе да вреднувам туѓо мислење од своето и многу пати знаев да згрешам, или и да не било грешка – да не сум задоволна од одлуката.
Сега се повеќе се водам од моето внатрешно чувство. Не би рекла дека сум импулсивна, но обично си го следам инстинктот, “шестото сетило“ и кога е така, ретко грешам.
Секако, знам и да се посоветувам со блиските ми луѓе, но крајната одлука мора да е моја“, изјави пејачката, а го спомна и своот сопруг, ликовниот уметник Михаил Корубин.
Имаме доволно работи кои ги правиме заедно, но секако и такви кои ги правиме засебно без да си “сметаме” eден на друг.
Михо многу работеше за време на целиов овој период затоа што неговата работа не бара физичка дистанца, па добро го искористи целото слободно време кое го имавме.
Си споделуваме се’ за тоа на што во моментот работиме. Многу ми е важно неговото мислење за тоа што го правам. Јас уште во почетниот процес на работа знам често да се консултирам со него, а тој повеќе сака да го сподели крајниот резултат“.
Каролина сподели спомен од убав одмор со својата постара внука, а инаку има и уште една, како уживаат на песочна плажа и напиша: Кога бевме мали.
Пејачката во една прилика рече дека најмногу ужива во патувањата. Таа е и сега на одмор, но не откри каде, но сликата покрај базенот кажува дека супер си поминува.
Како и е да, Каролина ужива во некоја убава куќа покрај базен, полнејќи батерии за работната есен.