Каролина на романтичен одмор во Грција во вила со базен, објави слики во бикини и од сопругот (ФОТО)

0

Гордата битолчанка Каролина гочева, една од нашите најголеми музички ѕвезди во една прилика го опиша својот роден крај и битолчанките.




-Мислам дека горди битолчанки, и пуфли се малку различни поими. Особено ме радува што првиве ги има сè уште и Битола сè уште може да се пофали со вистински госпоѓи и од повозрасната генерација кои се дотеруваат за на театар, за на концерт, за кафе на Широк сокак“, изјави Каролина.

Каролинче изненади со нова епсна која се вика Идила, а всушност е преработка на песна од Драган Ѓаконовски- Шпато и најава за цела една плејда песни во тој стил. Таа соработува со Дуке Бојаџиев и со Исмаил Лумановски.




-Идејата се појави уште после нашиот прв заеднички настап во 2016та на концертот на Дуке во „Метрополис Арената“. Tогаш за првпат се споивме и ја изведовме “Празно е без оваа љубов” евергрин напишан од татко му на Дуке, Тодор Бојаџиев – прекрасна љубовна песна која ти остава кнедла во грло…




па така и понатаму размислувањето ни беше во таа насока. Вистински, идејата почна да се раѓа после мојот престој во Њујорк во 2019, кога речиси секојдневно се дружевме и разбирливо, голем дел од времето бевме околу пијано, испробувавме различни жанрови на песни и многу бевме задоволни од тоа како звучиме заедно, па така почнавме и гласно да размислуваме за албум каде ќе сме само ние тројца.




Првичниот план беше да издадеме во 2020, но поради познатите околности и нашата замисла мораше да се одложи па спремно чекавме подобро време“, рече Каролина во Женски магазин.




Каролина Гочева, не сака многу да зборува за својот приватен живот во јавноста. Таа во 2017 година се омажи за познатиот уметник Михаил Корубин, а свадбата беше организирана на уникатна локација- Аеродромот Стенковец.




– Не е точно дека сум криела, за мене секогаш сè се знаело, се знаеле основните работи кои не можеш да ги сокриеш, односно немаш причина да ги сокриеш од јавноста. Сум прочитала многу лаги, нешто што нема врска со вистината.

Но, сум го сфатила тоа како составен дел од мојата работа, и со тек на време веќе и престана да ми пречи“, рече Каролина Гочева во едно интервју за 1ТВ.




Потоа новинарката ја праша каква домаќинка е, дали пере, чисти, пегла, а таа одговори:

– Сите тие работи на нас ни се секојдневие. Знам да потфатам по дома, имам помош, меѓутоа сакам да потфатам, во последно време сакам да готвам, немам специјалитет, не сум до толку усовршена, меѓутоа сакам да експериментирам. Правам некои работи кои што ги правам добро, неколку врсти тестенини..




На прашањето, кое јадење на Михаил најмногу му се допаѓа кое таа го готви, Каролина рече дека сè му се допаѓа, мора да му се допаѓа. Потоа зборуваше како функционираат заедно двајца уметници.

– Уште кога се запознавме, многу фино функциониравме во тој поглед, затоа што и двајцата имаме флексибилно работно време, значи можеме самите да си одредиме кога сме на одмор, кога работиме.




Токму од еден убав одмор на грчкиот остров Крф, Каролина сподели слики. Таа и сопругот избрале вила со базен пред која е сликана Каролина во прекрасен бел фустан.

Каролина објави и слика од плажа во бикини, но и од сопругот Михаил, на романтилна вечера, а тој и наздравува со вино.

Претходна статијаЌерката на Весна Змијанац изгледа како да не родила дете, во топ форма е (ФОТО)
Следна статијаПријовиќ пак провоцира, се сликаше со бела маица но нешто забоорави да облече под неа (ФОТО)