Исплива слика од Здравко Чолиќ како дете, а тој конечно прозборе за неговата сопруга Александра (ФОТО)

0

Здравко Чолиќ важи за една од најголемите sвезди во регионот, а познато е дека не сака да зборува премногу за приватниот живот, па скоро никогаш не споделува фотографии од своето секојдневие на социјалните мрежи.

Здравко во едно интервју за „Репортер“, тој зборуваше за своите спомени на Скопје.

-Во Скопје првпат дојдов во 1971 година, со групата ‘Корни’ на Скопскиот фестивал и тогаш ја пеевме песната ‘Мој бор’ на Љубомир Бранѓолица.

Тогаш бев млад пејач и тоа беше мојата прва средба со скопската публика и воопшто со градот Скопје. И тогаш првпат запознав луѓе со кои и денес се дружам и секогаш со задоволство евоцираме спомени од тоа време.

Никогаш не мислев дека професионално ќе се занимавам со музика. Бев одличен ученик и студент со натпросечен успех.

Се занимавав со спорт, но ја сакав и музиката, ама тоа беше повеќе некоја страст, хоби кон музиката.

Татко ми ми купи гитара од еден подалечен роднина, кој изработуваше гитари дома, и секако на иницијатива на татко ми, трипати неделно ни доаѓаше чичко Иван Бариќ, мојот професор по музика и по гитара, кој прв ја забележа мојата енергија.

Беше тоа борба меѓу фудбалот и гитарата, сè до еден момент кога се играше важен фудбалски натпревар.

Јас не останав да гледам фудбал туку отидов кај чичко Иван да свирам гитара. И работите едноставно тргнаа случајно. Потоа дојдоа првите награди, па почнав да заработувам, па тиражните албуми.

Всушност, целата моја приказна ја врзувам за судбината и божјите раце, сеедно дали верувам во нив или не. Така што, рецепт за успех генерално нема, а славата е составен дел од оваа работа“, рече Здравко.

Потоа, тој искоментира за својата сопруга Александра, со која се заедно долги години.

„Ние двајца сме многу долго заедно и довербата што ја имаме е еден од најголемите благодети на нашиот брак. Кога се занимавате со оваа работа, музика, популарност, вашата друга половина мора да има разбирање.

Александра од почеток ме прифати мене сосе мојата кариера, но ете таа повеќе е свртена кон семејството и воспитувањето на децата, затоа што јас често сум на пат“.

Сега, на една страница на Фејсбук се појави слика од неговото детство, сликана во 1962 година, од младото момче Здравко.

Инаку, Здравко еднаш рече дека имал среќно детство и дека го памети од убави моменти.

– Бевме многу среќно семејство, иако живеевме со една плата, на тато.

Работеше во државна служба, така што во тоа време не можевме да го славиме Божиќ на начин како што се прави денес, но затоа секогаш бевме среќни да чекаме млекари од селата каде се славеше празникот со сите обичаи и ни носеа млеко и Божиќни подароци.

-Се сеќавам како се собиравме во Требиње со баба ми и дедо ми се додека не отидовме на училиште и како добивме подароци од роднини, пријатели и соседи.

Беше поинакво време, луѓето беа позагрижени, па затоа и поотворени едни кон други.

Се викаа преку улица на кафе или ручек, спиеја едни со други, се радуваа и тагуваа заедно. Тоа, за жал, денес се смени – рече пејачот.

Претходна статијаСе огласи сопругата на Трајче Нешковски седум месеци по загубата: Ми кажа дека чувствува некоја болка
Следна статијаПораснаа ќерките на Борјан Јовановски и на Амернис, мајка им изгледа како тинејџерка покрај нив (ФОТО)