Илина се нaлути на новинарите: Објавуваат како сум се сликала во биkини, а не ја споделуваат целата вест

0

Игор Џамбазов и Илина Арсова се еден од најкоментираните парови во нашата земја, во изминатиот период, од кога трае нивната љубовна идила..




Таа е позната алпинистка, тој еден од најпознатите актери, мулти талент, кој со години, со своите проекти предизвикува воодушевување кај Македонците.

Но не е лесно да се биде популарен Тоа можеби Игор подобро го знае, бидејќи тој е присутен на естрадата преку триесет години. Периодот наназад и особено деновиве, во тоа се увери и Илина Арсова.




Порталите се речиси секојдневни полни со нивни фотографии и статуси. Но Илина денес луто реагираше на последната пренесена вест, кога некои портали напишаа:

„До Пештани на кафе“. .„ Илина сподели и фотографија на која позира во костим за капење, а на која совршено добро се гледа нејзиното вајано тело.“ Ова ја испровоцира Илина да го напише денешниот статус, во кој апелира да се гледа пошироката слика и да се пренесува веста автентично:




„Најтапа и за греота ми се новинарите што објавуваат како сум се сликала во бикини со моето мускулесто тело без да ја споделат веста во целост.

Значи ниту е битно во нивната објава дека сум се потрудила да испливам 4 или 5 км, ниту пак е битна скриената порака во постот, дека носам заштитна опрема додека тренирам, за да може да ме видат бродовите кои наместо на 300 метри, противзаконски пловат на само 50 метри од брегот.




Да не го спомнувам нивниот др зок и не-културен однос кон пливачите и капачите кои како да влегле во нивната и само нивна сообраќајна лента.




Секако истото се случува и на улица кога велосипедистите се обидуваат да направат друмски тренинг, па и на планина каде дем-не нова за-кана од зголемен број на АТВ возила.




Исто така небитно за новинарите е да ја споделат мојата за-мерка кон некреативните туристички водичи кои не умеат да се потрудат и да научат интересни и едукативни содржини за Охридското езеро, па наместо тоа на туристите им ги полнат главите со празни информации..




Работам како туристички водич повеќе од 15 години и тврдам дека тоа не е привилегија, туку одговорност! (Чест на исклучоци, но оние на микрофонот од Александрија 1 и 2 за жал не припаѓаат таму)…




Сепак уживајте си во сликата во бикини и како и досега замижете пред сè друго што активистите се обидуваат да ви го кажат… а кога ќе дојде до не-мил настан ќе се чудиме на кого да ја префрлиме ви-ната.“




Претходна статијаВане Цветанов ги разреши сите дилеми за нивната врска со Дунавка Трифуновска (ФОТО)
Следна статијаМетју Нимиц: На Грците не им пречеше што имате убав и посебен јазик – проговори и за спорот со Бугарија