Игор Џамбазов за Илина: Ти ми го продолжи животот

0

Повеќе пати , Игор Џамбазов има изјавено како се запознал со Илина Арсова, познатата планинарка и уметник и оти минатата година, за време на карантинот, таа го ппканила да остане кај неа во Дојран.




-Го најдов нејзиниот број преку заеднички пријатели и кога ми рече „Ало“, се претставив и ѝ кажав дека сите сакаат да се запознаат со мене, а еве јас сакам да се запознаам со неа.

Кога имаш до себе жена која е меѓу шеесет и нешто жени во историјата што го направиле тој подвиг, сфаќаш дека имаш работа со посебен човек.




И уште ако ви се вкрстат енергиите, заедничките размислувања и оние нешта кои не’ порзуваат околу уметноста, околу тоа колку ја сакаме Македонија, околу начинот на живот, скромноста во животот.

Знаеш, на мои години, јас тоа подоцна го сфатив, ама среќен сум што барем го сфатив, дека сепак парите не се најбитни.




Јас видов во животот дека можам да ги заработам, и тоа многу повеќе отколку шо е вообичаено за ова наше поднебје, но веќе престана таа моја трка по пари – раскажа Џамбазов во Бекстејџ.

Нивната врска е секогаш во центарот на вниманието, ана крајот на минатата година во емисијата Еден на Еден, заедно ја раскажаа нивната љубовна приказна…




Игор Џамбазов и Илина Арсова имаат интересна љубовна приказна. Од сите јавни личности, годинава токму нивната пробуди најмногу интерес. Џамбазов вели дека толку ја сака Илина, што таа побарала од него да ја сака помалку.

Оваа приказна, тој му ја раскажа на Жаре во „Еден на Еден“, во специјалната новогодишна емисија со Илина и Игор минатата година.




„Како е тоа возможно? Дали некому му успеало? Дали воопшто некој некому на планетава му побарал да го сака помалку?“, му рекол Џамбазов на Жаре и ја испеал новата песна.




„Таа сака, да ја сакам помалку. Таа само сака да сум ја сакал помалку“, се дел од стиховите на оваа песна. Игор ќе раскаже и за тоа дека оваа година, која сите по лошо ќе ја паметат, за него била најубава, и оти верува во судбина, која му ја пратила Илина.




Исто така, Џамбазов раскажа дека се плаши да ја гледа Илина како се качува по карпи.

„Кога првпат ме однесе на качување, од Дојран за Демир Капија… Стварно се преубави тие карпите, помеѓу двата тунела. Има таму два паркинга, лево и десно се стази, бележани.




Вториот ден ѝ се случи нешто што се случува многу ретко. Паѓаше 5-6 метри од голема висина, и ја немаше три секунди. Тоа го видов, и оттогаш, ги оставам на местото, и си одам покрај Вардар, си седам, си гледам, и пресметувам од прилика колку време им треба да се качат“, изјавил Џамбазов.

Игор и Илина кои инаку се цело време в Дојран, сега се во селото Јанче. Минатата година, Игор со овие зборови ѝ го честиташе роденденот на Илина Арсова:




Таа е сЕ што имам. Таа е сЕ што немам. Таа денес полни 38 лета. Среќен роденден, среќо моја!, напиша Џамбазов лани.

Денеска Илина слави роденден, а Џамбазов со уште поемотивни зборови ѝ го честиташе: Ти ми го продолжи животот.




Ти ме научи да го сакам животот. Ти си мојот живот. Среќен ти роденден, среќо моја.

Претходна статијаБитолскиот проф. Трајковски: Јасно е дека имаме почеток на нов бран – да се надеваме на што помасовна имунизација на населението
Следна статијаАстрологот Весна ги промеша картите па откри дали Цеца ќе се мажи пак