Ѓоко Јовиќ брои ситно до моментот кога ќе стане татко по четврти пат, објави слика од бремената сопруга (ФОТО)

0

Ѓоко Јовиќ е е едне од нашите најпознати фолк-пејачи, омилен во Македонија и во дијаспората. Освен поради убавиот глас и песните, му се восхитуваат и поради тоа што го вреднува семејниот живот.




Јовиќ е татко на три деца, а наскоро неговото семејство ќе се прошири, тој и неговата сопруга ќе имаат уште едно дете. Во една прилика, тој за својата музика рече:

-Кога станува збор за, условно кажано, песните со кои почнав да ја градам својата кариера, на публиката ѝ подарив три албуми за кои, морам да бидам нескромен и да кажам дека беа одлично прифатени од публиката.

Оваа објава е всушност една од моите животни желби, да промовирам албум со поп композиции кои мене ми се особено драги.




Публиката има свои побарувања, нам ни останува да ги задоволиме потребите, во што се надевам дека успеав. Следејќи го развојот на музиката, сфатив дека е дојден вистинскиот момент за да го реализирам мојот сон.




Трендот не знае да чека и мислам дека поп музиката е една од најактуелните во моментов на нашите простори, па затоа се одлучив за промени. Тоа не значи дека ја потценувам народната песна, но ете, тоа беше мојот сон, а соништата заслужуваат да бидат остварени.




Велат дека си онолку среќен колку што народот те поддржува и почитува, а морам да признаам дека мојата публика има огромно срце и будно ги следи моите настапи. Тоа се главно луѓе кои си ги сакам од душа, а таа љубов и почитта се заемни.




Меѓу тие луѓе има и личности кои ми се особено драги и на кои сум им помогнал без да чекам нешто за возврат, бидејќи сметам дека Бог е подготвен да ти помогне и да те сака онолку колку што ти не можеш ни да замислиш.

Затоа треба и ние да ги сакаме другите и да им помагаме. Бог постои во сите нас. Ние го вреднуваме и му даваме живот со тоа што ќе помогнеме некому, а тој ќе ни врати со поголема добрина. Бог е љубовта во нас.




Сум помагал на луѓе кои немале ништо, сум помагал и на оние кои имаат многу. Не ги делам луѓето по тоа кој колку има. Едноставно ги почитувам оние што ме почитуваат, и секогаш сум тука за нив“, рече Јовиќ во Женски маагзин.




Тој додаде дека потекнува од Валандово и во минатото неговите родители се занимавале со земјоделие- со ноижење тутун. Ѓоко рече дека и тој го работел тоа, и вели дека знае колку е тешко и затоа ги цени луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура.




Јовиќ изјави дека не се срами да зборува за неговото минато и секогаш е подготвен повторно да работи тоа.

Јовиќ се вклучи во живо на својот Фејсбук профил и со сите свои драги пријатели и следбеници сподели една убава вест, дека по четврти пат ќе стане татко, и на необичен начин го откри и полот на бебето.




Откако балонот пукна тој и неговата сопруга бе многу среќни, како и децата околу него и најблиските, и од него излегоа сини балони.

Ивана, сопругата на Ѓоко со која е заедно долги години водушевено рече: Машко ќе биде, а Ѓоко му се обрати на синот: Ќе имаме машко бебе, убаво, слатко ко тебе.

Ѓоко објави слика како е на летување во Охрид, со својата сопруга и со пријатели и на сликата се гледа дека таа е веќе во поодмината бременост и изгледа одлично.




Ѓоко брои ситно до моментот кога по четврти пат ќе стане тато и се гледа дека целиот блика од среќа.

Претходна статијаСаша Поповиќ искешира цело богатство за двете коли и за двата стана на море и откри што мисли за синот на жена му
Следна статијаДаниел Кајмакоски на плажа на Јадран, си ужива за сите пари (ФОТО)