Соња Тарчуловска, нашата позната фолк-пејачка има испеано многу песни нонајпозната е „Во бело“, која се пее на речиси сите свадби,поради свадбарската тематика. Таа вели дека од мала знаела дека ќе стане пејачка.
-Јас себе си се спознав уште многу малечка, имав цел, имав зацртано и знаев што сакам да бидам, знаев кој е мојот патоказ до мојата среќа, да изградам кариера и да пеам. Моите млади години не ме попречија во тоа кога ми беше најтешко јас сама си завземав место на естрадата со божја волја и милост.
За моите почетоци има многу да се каже: позитивни спомени, полни сали, дискотеки, кафеани – тоа ме исполнуваше. Лесно е да се биде пејачка, ако знаеш вистински да се носиш со таа професија токму како што наликува без наметнувања, знаеме дека се’ што е спонтано е подобро.
Дали добро се заработува? Јас лично да, добро заработувам иако не сум доволно активна, си ги ценам сопствените вредности во нормала на стандардот“, има изјевно Соња во интервју за Точка.
Публиката е таа што проценува, зошто ја слуша или почитува пејачката. Лично мене многу ми значи текстот и музиката, и ако со нив ги освојувам јас сум почестена“, додаде Соња во истото интервју.
Познато е дека таа му е сорпуга на Јохан Тарчуловски и имаат три деца. Најстарата, Мелани веќе има 16 години и е пејачката како мама, Младен има 14 години, а Јоана шест.
– Со сето мое срце и душа верувам во љубовта, и сакам да останеме до крајот на животот со Јохан. Немавме време ние за луди работи, предвреме почнавме да живееме сериозно и животот ни е многу сериозен.
Верувам во мислата дека жената е убава и исполнета кога е сакана и почитувана. Женственоста или ја имаш или ја немаш, јас не ја искажувам но сепак таа ме издава“, изјави таа во истото интервју.
Кога Мелани наполни 14 години, таа емотивно ѝ го честиташе роденденот на Фејсбук. „Во животот, сретнав многу уникатни личности. Но, тебе не те сретнав, тебе те родив ќерко. Ние сме горди на тебе, Мелани. Секогаш да знаеш, позади тебе стои широка насмевка, раширени раце и рамо за утеха“, напиша Соња на својот Фејсбук профил.
Соња и Јохан беа во Букурешт и ја бодреа Маекдонија на Европското првенство.
Сонцето златно во рака и се гледаме во Букурешт. Сонот стана јаве, за прв пат ке се пее “Денес на МАКЕДОНИЈА се раѓа” на едно Европско фудбалско првенство.
Недела сите задно, зборно место во 12:00 пред стадион . МАКЕДОНИЈА“, напиша Јохан.
Денес ова што се случува во Букурешт може само да се доживее. Секој носи дрес,шал и знаме. Секој со секого се поздравува. Сите со еден ист поздрав”” за кого ,за МАКЕДОНИЈА му возвраќаш.
Колку малку ни фали да се чувствуваме горди,а ова е многу повеќе.
МАКЕДОНИЈА“, ндодеа Јохан на Фејсбук со сликите од Букурешт со Соња како ги бодрат нашите репрезентативци.
Тарчуловски повторно слават, а овој пат, тоа е роденденот на синот Младен кој Соња му го честиташе на Фејсбук:
Младен синко наш пред 14 години кога се роди го осветли нашиот живот. Затоа тебе цел живот да ти биде светол. Гази го ти животот, а не тој тебе
СРЕЌНА 14 ТЕ САКАМЕ.