-Уживам во домот во вистинска смисла на зборот. Уште повеќе што тоа ми даде шанса да откријам и други мои таленти.
Открив дека одлично готвам, па моето семејство ужива во моите кулинарски специјалитети…
Но кон се ова во врска со вирусот и да нагласам да се прекине со ограничувањето на граѓанските права, посебно на правото на движење, односно да се укинат т.н. полициски часови. Секако со почитување на препораките од здравствените власти!
Тој има две успешни професии, за едната помалку се знае, а со другата е тука со сите нас постојано со години наназад.
Ни пее и не развеселува и кога ни е најтешко со грст свои хитови и својата специфична интерпретација која е како мелем за душа и срце.
Токму сега во овие времиња-невремиња Душко Дуле Георгиевски со песната ни ја дава силата да издржиме, како што вели и самиот тој, да најдеме начин да се справиме со здравствениот проблем кој не е ни најмалку наивен.
Впрочем, како што и во минатото нашите баби и дедовци, така и ние ќе се држиме до песната која не одржа, на нејзе да и кажеме благодарам! Токму така, кога Дуле ја пее таа песна, сето тоа уште повеќе добива на значење.
Во знакот на спомените, 20 години од загин увањето на родителите во сообр аќајна нес реќа, пејачот ја пее песната „Молитва”, многу емотивна песна која ја посветува токму на своите вечно сакани мајка и татко
Тоа што ретко кој го знае за минатото на пејачот Душко Георгиевски, поупатените велат подобро и да не го знае. Бидејќи тој во детството останал и без мајка и без татко.
–Се се случи наеднаш во еден миг во една тешка сооб раќајна несреќа кога јас имав само 11 години, останувајќи сам на осовј свет со сестра ми.Потоа грижата за нас двајцата ја презеле моите роднини, вели Дуле за Вечер Прес кој освен што е пејач, тој е и адвокат.
Да стане адвокат е желбата на неговиот татко кој бил правник. Во знакот на спомените, 20 години од заги нувањето на родителите, пејачот (на фестивалот „Цветници“) ја испеа песната „Молитва” многу емотивна песна која ја посвети токму на своите вечно сакани мајка и татко.
-И денес после толку години се прашувам, дали тоа била судбина, да не појдеме на пат со нив јас и сестра ми? Веројатно, да! Нас двајцата не оставиле дома кај роднините, а тие отпатувале и никогаш веќе не се вратиле. Колку е тоа болно да знаете.
Душко редовно го гледаме во емисијата “Мерак меана” која во овие денови на пандемија, кога на народот му е ускратена можност да ужива во жива музика и свирки, ни ја стоплува душата со изведбите на најдобрите пејачи на македонските песни.
Можеби малкумина знаат, но Душко долги години години е во брак со водителката Марија. Таа е уредник и водител на емисија од областа на економијата.
Неговата сопруга е како што вели негов најголем критичар, но и поддржувач. Забелешките кои му ги дава се обично се во делот на неговата ненаметливост вели тој.
Круна на нивната љубов се нивните две ќерки- Верче има 24 година, а Мила 18. Двете како што вели тој се многу музикални и имаат наследено талент за пеење.