За разлика од минатото лето, кога граѓаните во најголем дел останаа дома (освен мал дел кои отидоа во Албанија, Охрид, Дојран, Преспа…), а поради добро познатата причина, ова лето ситуацијата е понаква и блиску до старото нормално.
Тоа пред сè се должи на стивнувањето на пандемискиот вирус во најголемиот дел од Европа и Светот, но и полибералниот однос на државите за влез на нивна територија.
Земјите како Албанија и Црна Гора, кои се туристички дестинации поради морето, не бараат тест и доказ за имунизација, (за разлика од Грција која бара), па затоа, многу граѓани на Македонија и Србија, се одлучија својот летен одмор да го поминат, токму во овие држави.
Цена Гора е дестинација За одмор која функционира со децении наназад, а од пред некоја година, сè повеќе туристи одат и во Албанија. Искуствата се различни, најчесто позитивни, со назнака за слабата организираност, но има и такви кои се жалат од тоа како си поминале.
-Во самопослугите нема цени, па така, се случува во еден ист маркет, во рок од два дена, да ти биде наплатен еден ист производ различно. Се стекнува впечаток дека ти земаат пари како ќе им текне, вели наша сограѓанка за Галама.
Сепак, деновиве на социјалните мрежи, вирална стана сметката од плажата во Улцињ, а на многумина им се чини дека во овој случај, угостителите од Улцињ навистина претерале.
Туристичката сезона во Црна Гора во голема мера започна, а на плажите тука, со години, може да се видат претежно Срби, кои избраа да летуваат со своите соседи.
Србите, но и Македонците го избраа Јадранот и поради моменталната епидемиолошка состојба и условите за влез во земјата. Во моментов, не е потребен никаков тест за PCR или потврда на вакцина за влез во Црна Гора, што е дури и клучно за некои.
Што се однесува до цената на храната и пијалоците, таа е разновидна, во зависност од местото каде што сте решиле да го поминете летото. И додека некои велат дека во Будва и Херцег Нови, цената е скоро иста како и претходните години, некаде скокна драстично.
Така, на профилот на Инстаграм „Подгорички врмеполов“ беше објавена сметка со многу високи цени од ресторан во Улцињ, а гостинот се пожали дека платил скоро 10 евра за 10 ќебапи.
Како што напоменува туристот, се работи за на пазарски ќебапи. Неговата објава стана хит на Интернет, и собра илјадници допаднувања и споделувања.
“Улцињ нема мени, но кога стигна сметката – ш ок! Десет ќебапи, десет евра”, напишал корисникот, а наскоро следел друг коментар: “Пазарски ќебапи, се чини дека тој ја вклучил и испораката”.
Како што можете да видите, за пилешкото месо платиле скоро 8 евра, скоро 4 евра помфрит, а и пијалоците не заостануваат.
Вкупната сметка беше околу 50 евра, што сепак изгледа многу, доколку сакаат да привлечат туристи.