Емотивна порака на Бојана: Мојот шампион Ѓорѓи во овие 2 години го освои пехарот

0

Мајчинството ме промени комплетно. Ме научи да заборавам на себичноста, ми покажа колку сум му потребна на едно мало суштество, кое е комплетно зависно од мене“, рече пејачката Бојана Скендеровски во Женски магазин во една прилика.




Нејзин сопруг е сопруг Васко Скендеровски е продуцент на емисијата „Улица Македонија“ која ја водеше и повторно ќе ја води.

„Од многуте нешта кои ми се допаѓаат кај него, пред се најмногу ја сакам неговата несебичност, и тоа што тој е добар човек, пред сите други работи кои го красат како личност.




Тој е мојата најголема поддршка во се што работам, и кога и да помислам дека нешто не ми оди, или пак нема да успее, тој постојано ме потсетува дека треба да верувам во се што правам, и да бидам упорна“, раскажа Бојана во претходно интервју за сопругот.

Жена, мајка, кралица, Бојана Скендеровски е еден од најатрактивните пејачки на нашата музичка сцена, и успешна водителка.




По подолга пауза од музичката сцена, поп пејачката и ТВ водителка се врати на естрадата со песната ,,Круна”. Бојана е мајка на Искра и Ѓорѓи, кои се појавуваат во спотот за новата песна, а за кои раскажува дека се нејзината круна, која со гордост ја носи.

-Круна“ е враќање на музиката која отсекогаш беше и остана моја прва љубов, но во животот се случуваат и многу поважни нешта, всушност најважни од се во животот,а тоа е станувањето мајка.




Моите деца Искра и Ѓорѓи се многу мала разлика во години,с е случија едноподруго, и дефинитивно тој период сакав да им го посветам само ним,затоа се случи таа пауза.

Јас не можам да изгледам исто 19 години,од прв момент кога сум се појавила,сите ние се менуваме,и тоа е природен процес,созреваме,истражуваме,се наоѓаме во нешто.Јавната сцена бара трансформации кои се сосема нормални во оваа работа.




Коментари неможат да ме повредат ако не се од мои блиски луѓе, но постојат луѓе на кои Фејсбук коментирање им е дневна рутина за забава, па можеби некогаш своите проблеми ги решаваат со коментирање беспотребно, навредувачки кон било кој што го објавиле на некој портал.

Генерално треба да намалиме како народ со агресијата,и негативната енергија по социјалните мрежи.




Да,ние сме јавни личности,и ок е да имате свое мислење, да не ви се допаѓа некој,но ние јавните личности не сме боксерска вреќа,па кој како сака да мава кога не му е денот“.




Јас во душа сум феминист, секогаш се борам за правата на жената. Дали е лесно да се биде жена, мајка, сопруга, да се гради кариера, да се внимава за се што е потребно во домот, да се изгледа добро, да се заработува? Воопшто не е лесно, но, како што минува времето, листата на работи кои се очекуваат од денешната жена постојано се надополнува.




Мојот став секогаш бил дека е многу погрешно сфаќањето дека жената е само за во домот. Колку е тоа погрешно се гледа редовно, со успесите кои жените ги постигнуваат на сите полиња.“ рече Бојана неодамна.

Таа се пофали со своето убаво тело на семеен одмор и многумина ќе се сложат дека изгледа одлично. Но, денеска е посебен ден за Бојана. Таа слави, и тпоа вториот роденден на синчето.




-Мојот шампион Ѓорѓи во овие 2 години го освои пехарот во најгушкано,најбацувано,и најмазено дете. Тој ја заокружи нашата целина,не направи комплетни,а од мене ја извади најдобрата верзија.




Среќен роденден мое бисерче бело! Те сакаме“, му писака Бојана синот на Фејсбук.

Претходна статијаАркан сакал да ѝ наштети на Драгана Мирковиќ, само Цеца да биде главна- српска емисија откри големи тајни
Следна статијаБранко раскажува за чудecнoтo иcцeлување на неговото дете во манастирот Острог