Аркан сакал да ѝ наштети на Драгана Мирковиќ, само Цеца да биде главна- српска емисија откри големи тајни

0

Цеца Ражнатовиќ во една прилика се потсети на минатото и со своите следбеници на Инстаграм сподели фотографија која растажи голем број од нив, судејќи по коментарите.




Имено, популарната пејачка објави фотографија на која нејзината ќерка Анастасија го гушка покојниот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан. Оваа глетка се’ уште поттикнува тага во неа, па на неа додаде емотикон – скршено срце.

Пејачката Цеца Ражнатовиќ зборувала за својот однос со покојниот сопруг Жељко Ражнатовиќ и откри досега непознати детали.

Цеца раскажала дека нејзиниот сопруг имал животна желба која се однесува на неа и дека таа по извесно време ја остварила, меѓутоа тој не дочекал да ужива во тоа.




Една година бев целосно повелечена од медиумите и тоа беше моја единствена одлука. Во октомври 2001 година го снимив албумот Деценија.

Морав да се вратам во колосек! Знаев дека децата морам да ги изведам на прав пат. Дека морам да бидам посилна отколку што сум и да се борам како знам и умеам.




Фала на Бога што ми дал талент. Јас пред Жељко имав кариера и и се посветив. На Маракана 2002 година имав концерт и тоа беше желба на Жељко. Додека беше жив тој постојано ми зборуваше:




Мене животна желба ми е да ја наполниш Маракана. Ти мораш да ја наполниш. Јас му велев, дали ти знаеш колкава е Маркана?Таа е огромна, прима 100.000 луѓе- се присетила Цеца.

Жељко ме убедуваше: Знам, ама ти ќе ја наполниш Маракана! Јас потоа му зборував: Па како да ја наполнам?




Жељко навистина долго ме убедуваше дека треба да закажам, концерт. Сепак на крај не доживеа да ужива во мојата музика на Маракана.

Кога на крајот конечно требаше да одлучам да организирам концерт, се сетив дека тоа беше желба на Аркан. Во себе си реков: Е сега Жељко, нека ти биде, ќе пеам на Маракана – открила Цеца.

Во осмата епизода од една позната во Србија, емитувана на Н1 телевизија, темата беше пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзината кариера.




Еден сегмент од вечерашната епизода беше посветен на цветањето на нејзината кариера, што се случи откако се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Имено, Оливер Мандиќ го запозна Аркан со Цеца, кога таа пееше со нејзиниот упокоен колега Џеј Рамадановски на прославата на основањето на „Српската доброволна га-рда“ во Ердут, село во Хрватска.




После пет месеци врска, Светлана го запроси Аркан, прашувајќи го „Ќе се ожениш ли ти со мене или нема?“

Дури и Си-Ен-Ен и Њујорк Тајмс известуваа за „венчавката на деценијата“, како што тогаш ја нарекуваа новинарите. Токму со овој чин Цеца успеа да си обезбеди сериозно место на тогашната музичка сцена.




Со бракот со Аркан, кој се грижеше за нејзиниот изглед, инвестираше во неа и даде огромни пари за нејзината кариера, Цеца стана „хероина“.

„Сите оние кои беа добро платени за да ја направат она што го направија, ја издигнаа од тој просек, од тоа милје, во она што е“; рече новинарот Зоран Павиќ во серијата „Херои на зл-ото време“.

Едноставно е така, да не беа парите што беа вложени во нејзината кариера, таа немаше да биде она што е денес, рекол авторот на емисијата.




Деталот споменат во шоуто, кој општо им е познат на луѓето од поп сцената во 90-тите години од минатиот век, е дека Аркан, по секоја цена сакајќи да ја направи својата сопруга ѕвезда, на многу начини се обидел да ја саботира кариерата на нејзината колешка Драгана Мирковиќ, кој веќе важеше за сериозна ѕвезда.

Претходна статијаИрена Спасовска како модерна пепелашка, ептен се подлмади (ФОТО)
Следна статијаЕмотивна порака на Бојана: Мојот шампион Ѓорѓи во овие 2 години го освои пехарот