Драгана Мирковиќ вљубена како никогаш досега (ФОТО)

0

Несомнено Драгана Мирковиќ е една од најпознатите пејачки во Србија и во дијаспората. Иако многумина на почетокот од кариерата и се потсмеваа на изгледот, таа сега е една од жените со одличен стил.




Драгана повеќе од дваесет години не живее во Србија. Таа е во Виена заедно со сопругот Тони Бијелиќ, кој има свој приватен бизнис, и со децата Мануела и Марко.

Куќата во која живее Драгана е како од бајките, таа има свој приватен спа центар. Куќата има неколку спални соби, базен, дрвени скали, бања украсена со Сваровски кристали, приватна сауна и префинет италијански мебел.




Без оглед што живее во луксуз, за Драгана велат дека е мнигу скромна личност и сака да се дружи. Една од нејзините добри пријателки е и Лепа Брена.

Минатото лето, Драгана и Лепа Брена и семејно се дружеа во Монако и во Монте Карло.Драгана Мирковиќ неодамна го прослави 20-от роденден на својот син Марко.




Додека сè уште имаше пандемија и во сила беа строгите мерки во борбата против неа, Драгана организираше раскошна прослава во нејзиниот замок во Виена, а на социјалните мрежи покажа како изгледа сè.

“Поради забраната за собири и строгите мерки во Австрија, го славевме роденденот на Марко како Ивкова слава, 5 дена. Но, сè за тебе, лаву мој, те сака мајка ти”, напиша Драгана.




Сè беше украсено со балони и големи гумени шишиња шампањ, а големи балони со броевите 20 стоеја во позадината. Пејачката беше во елегантно издание за роденденот на синот.

Мирковиќ објави убав пролетен колаж од фотографии – го посети австрискиот град Херштајн и позираше на тревата полна со цвеќиња.




„Еден прекрасен ден во природа“, напиша Мирковиќ во својот пост. Жан Клод Ван Дам, славниот актер реагираше во коментарите.

„Изгледаш убаво, како и секогаш“, ѝ рече актерот на својата долгогодишна пријателка. Фотографијата има над илјада лајкови, а многумина забележаа дека Ван Дам е меѓу коментаторите.




Да потсетиме, Ван Дам и Мирковиќ случајно се сретнаа во Виена. Популарниот актер веќе неколку пати ја рекламира Драгана на социјалните мрежи, а не крие дека е обожавател на нејзината музика.




Драгана Мирковиќ е голем првирзеник на љубовта и на патувањата, а сега ги спои овие две работи и ги воодушеви своите следбеници со својот пост на социјалните мрежи.




Пејачката е позната како некој што сака патувања, но и како голем поборник на љубовта, а сега објави и објава на својот Инстаграм профил во која се комбинираат овие две работи, пренесува Ало. Имено, пејачката на своите социјални мрежи објави видео со коментар кој ги израдува сите.




– Венеција е град на љубовта за мене. Тука, Тони и јас го прославивме нашата годишнина, 22-ра- напиша Драгана. Менаџерот ги пречека Драгана и Тони на нејзиниот настап во Виена, а откако Тони собра храброст да и се јави на пејачката и по долга врска, Драгана се пресели во Виена со Тони.

Претходна статијаБојана Скендеровски се пофали со своето деколте, алал да ѝ е (ФОТО)
Следна статијаТиквички во тегла: Толку беа вкусни што само половина останаа за на зима – пола одма ги изедовме