Дани димитровска е една од нашите најатрактивни и најуникатни пејачки, која за приватноста ретко зборува. Во една прилика, таа ги спомена своите родители кои имаат оштетен слух и нагласи колку научила од нив.
Моите родители само имаат оштетен слух. Меѓусебното разбирање не секогаш побарува совршено здраво уво.
Тоа ме учеа во детството. Фала богу што било така, преку нив научив да разбирам со срцето. Реакции од околината никогаш немало бидејќи моиве имаат нормален говор како сите.
Напротив, гледам предности. Една од нив е таа што никогаш во домот немавме викотници од расправии. Нивните недоразбирања ги решаваа со знаковниот јазик, па брат ми и јас никогаш не им ги знаевме реалните проблеми со кои се соочуваат“, изјави Дани.
Денес како прави пензионери, кога ги посетувам, гледам остарени лица што играат карти во дневна со пиво на маса. Тие насмеани, јас уште повеќе“.
Ниту таинствена, ниту внимателна. Ни порано, ни сега. Тоа во домашен разговор, се нарекува криење. А криење и љубов не одат во иста реченица. Едноставно одбивам да раскажувам нешто што е природно и од интимен карактер.
Се чувствувам како да нема инспиративни теми поради кои постоиме на сценава. Музичката сцена, таа е за истакнување, љубовната заради сеири и читаност е секогаш на врвот, не и треба билдање. За љубов не треба најава со сензационален наслов ниту PR. Ниту подготовка. Едноставно се случува и фала богу што е така. Нека живее.“, рече таа во Женски магазин.
Дани реши за првпат да преепее стана македонска традиционална песна, а станува збор за Каранфило филфило моме. Дани оваа песна ја пее со многу емоции со својата екипа, и се гледа дека музиката делува многу емотивно на неа.
Имено, таа подголтнува и како секој момент да ќе заплаче додека ги пее стиховите Ти каранфил не носиш моме, ти каранфил не носиш, ти каранфил не носиш моме, на каранфил мирисаш.
Сега дојде на ред втората песна од Дани и Џез вез, а станува збор за „Бело лице љубам јас“ која исто така одлично ја испеа.
По двете убави песни, пејачката замина на заслужен одмор, во Албанија. Дани објави видео од погледот од милион долари во кој ужива.
Таа и нејзиниот сакан, кој на кратко го покажа во видеото се во Химамара во вила на самата плажа на која како што се гледа нема многу луѓе и личи како да е нивна, приватна.
Дани имала настап во Битола, на иста сцвена со познатите пејачи Дадо Топиќ и Аки Рахиовски, и сподели слики на Инстаграм профилот кај неа. На сликите, освен што се гледа колку ужива како пее се гледа и нејзината топ линија.
Дани се опушти па го покажа и деколтето, но умерено, со стил како што таа знае, а на сликите изгледа топ!