Д-р Пановски за иселениците и свадбите: Не може така, баш тие од кај што доаѓаат го има тој сој

0

По затишјето со вирусот и паѓањето на бројот на нови позитивни на дневно ниво на најниско ниво од почетокот на пандемијата, сега повторно е во најава нов бран, како резултат на новиот Делта сој од вирусот.




Министерот за здравство Венко Филипче смета дека сега, кога државата обезбедила доволно вакцини против ковид-19 за да бидат достапни за секој што сака да се заштити, повеќе не би требало да има затварања за сите, полициски часови и слично, туку граѓанките и граѓаните да си преземат одговорност за сопственото и за здравјето на најблиските..




Остануваат само основните мерки за спречување на ширењето на заразата – маски во затворено, или каде што има многу луѓе на мал простор, социјална дистанца и често миење раце.




„Епидемија може да трае и повеќе години, имаше некои предвидувања дека може да трае и до 2024, дека ќе премине можеби и во ендемска форма, ама тоа не значи дека ние треба да живееме затворени“, вели министерот Филипче.




Затоа тој апелира сите да се вакцинираат против ковид-19, поради тоа што вакцината штити од тешка болест и од упокојување.

Филипче вели дека не можеме да знаеме во иднина какви нови соеви може да измутираат од вирусот што ќе предизвикуваат нови и нови бранови на зараза и како пример ја наведува Велика Британија каде што владата од 19 јули ќе ги укине речиси сите мерки и покрај тоа што таму веќе има нов бран предизвикан од делта сојот на ковид-19.




Во Македонија до сега се регистрирани десет случаи заразени со делта сој на коронавирусот.

-Потребни се рестрикции за да се спречи влошување на епидемиолошката состојба, потенцира микробиологот д-р Никола Пановски во изјава за „360 степени“, коментирајќи ги најавите на здравствените власти дека до крајот на неделава ќе се разговара дали ќе се воведуваат нови рестрикции поради делта-сојот на ковид-19.




Пановски вели дека мерки за заштита како задолжителен ПЦР-тест за влез во земјава веќе требаше да бидат на сила.

Мерки на границите требаше да се воведат. Има рестрикции за нас кога патуваме во земји каде има по 2 000 случаи дневно. Ние се тестираме за да одиме во Грција, а тие денеска имаат речиси 2 000 случаи. Каде е тука логиката?




Да е обратно, разбирам. Треба да се бара ПЦР на секој што ќе влезе во земјава, барем за тие земји кои нас ни бараат, бидејќи имаат многу повеќе случаи од нас – вели Пановски.

Пановски смета дека голема грешка е направена што се дозволија собири и прослави во затворен простор, бидејќи вели на тој начин може да „експлодира“ делта-сојот.




Апсолутно требаат рестрикции и не смееше да се дозволат свадби во затворен простор, бидејќи „ќе експлодира“ тој сој, баш оттаму ќе доаѓаат иселениците од другите земји каде го има тој сој. Кога ќе имаме повеќе од 70 отсто вакцинирани тогаш може – вели Пановски.




Здравствените власти пак, велат дека состојбата будно се следи и дека до крајот на неделава ќе се разговара за евентуално воведување на нови рестрикции.

Претходна статијаЖељко Јокисмовиќ криеше каде живее, ќерката Мина го издаде – ја покажа луксузната вила (ФОТО)
Следна статијаСинот на Шабан го послуша аманетот од татка си – се смири со бившата, згодната фолкерка (ФОТО)