Бојана Скендеровски се пофали со своето деколте, алал да ѝ е (ФОТО)

0

Жена, мајка, кралица, Бојана Скендеровски е еден од најатрактивните пејачки на нашата музичка сцена, и успешна водителка на емисијата Улица Македонија за која рече дека повторно би сакала да се емитува.

По подолга пауза од музичката сцена, поп пејачката и ТВ водителка се врати на естрадата со песната ,,Круна”. Бојана е мајка на Искра и Ѓорѓи, кои се појавуваат во спотот за новата песна, а за кои раскажува дека се нејзината круна, која со гордост ја носи.




-Круна“ е враќање на музиката која отсекогаш беше и остана моја прва љубов, но во животот се случуваат и многу поважни нешта, всушност најважни од се во животот,а тоа е станувањето мајка.




Моите деца Искра и Ѓорѓи се многу мала разлика во години,с е случија едноподруго, и дефинитивно тој период сакав да им го посветам само ним,затоа се случи таа пауза.

Еуфоријата околу македонската музика, која беше многу популарна, и се слушаше во големи количини, деца кои трчаат по автограми, полни сали дури и на генералните проби. Таа енергија,денес ја нема, малата застапеност на македонската музика по медиумите, си го зема данокот.




Секое време си има свои идоли, но денес има некоја друга сцена, има друг стил, сè е на социјални мрежи, младите генерации имаат свои артисти кои имаат милионски прегледи по youtube, а всушност ги знаат само во кругот на нивната генерација, се слуша музика од надвор. Чудно е.“, рече Бојана во Женски магазин.




Пејачката го коментираше својот изглед на кој многу внимава.

-Јас не можам да изгледам исто 19 години,од прв момент кога сум се појавила,сите ние се менуваме,и тоа е природен процес,созреваме,истражуваме,се наоѓаме во нешто.Јавната сцена бара трансформации кои се сосема нормални во оваа работа.




Коментари неможат да ме повредат ако не се од мои блиски луѓе, но постојат луѓе на кои Фејсбук коментирање им е дневна рутина за забава, па можеби некогаш своите проблеми ги решаваат со коментирање беспотребно, навредувачки кон било кој што го објавиле на некој портал.




Генерално треба да намалиме како народ со агресијата,и негативната енергија по социјалните мрежи.

Да,ние сме јавни личности,и ок е да имате свое мислење, да не ви се допаѓа некој,но ние јавните личности не сме боксерска вреќа,па кој како сака да мава кога не му е денот“.




Јас во душа сум феминист, секогаш се борам за правата на жената. Дали е лесно да се биде жена, мајка, сопруга, да се гради кариера, да се внимава за се што е потребно во домот, да се изгледа добро, да се заработува? Воопшто не е лесно, но, како што минува времето, листата на работи кои се очекуваат од денешната жена постојано се надополнува.




Мојот став секогаш бил дека е многу погрешно сфаќањето дека жената е само за во домот. Колку е тоа погрешно се гледа редовно, со успесите кои жените ги постигнуваат на сите полиња.

Би рекла, овој 21-ви век ни донесе многу барања и предизвици кои секоја жена, со тешка организација успешно ги остварува – за ,,Фокус” раскажува Бојана.




Таа сега е на заслужен одмор со своите сакани, сопругот Васко и децата. Објавува слики од плажа со децата, но и свои на кои го истакува нејзиниот адут, деколтето. Секоја чест. Бојана!

Претходна статијаИрена Спасовска каква што не ја знаеме, закопчана до грло, а ечи кафаната (ВИДЕО)
Следна статијаДрагана Мирковиќ вљубена како никогаш досега (ФОТО)