Благоја Грујовски е еден од омилените пејачи, кај нас и во дијаспората, а омилен е и меѓи колегите зашто како што за него викаат, тој е „весељак“ човек.
Благоја Грујовски во младоста тренирал бокс, и ова е приказна која скоро никој не ја знае за нашиот познат пејач, а ја откри неговиот пријател Спасен Силјановски, пејачот од Кичево.
Спасен во емисијата Магазин за Благоја рече дека требал да оди на сојузен натпревар на ниво на Југославија, од што бил добар.
Потоа, пејачот коментираше дека уште го сака боксот, уште го гледа, но не се занимава веќе ни рекреативно.
Спасен Благоја го опиша како човек што му подал рака кога најмногу му требало, и дека секогаш е спремен да му даде добар совет.
Благоја зборуваше и за тоа како тој го поминал вирусот во кој на почетокот не верувал.
– Мислев дека коро -ната не е ништо особено, дека е некоја настинка, некој грип, меѓутоа се покажа дека може да биде многу повеќе и пооп асно. Јас ја видов од понеубавата, од потешката страна.
Јас ги вложив сите сили за да издржам, да не паднам психички, затоа што беа критични моменти.
Се работеше за дишење на шгрги што се вели, како риба на суво, и секој здив беше напор. Веќе поминаа два ипол месеци.
Читам искуства и разни приказни од многу луѓе. Имав и јас некои симптоми, препотување, болка во зглобови “, рече Благоја.
Музичарот потоа зборуруваше за она што многу тешко му паѓа, а тоа е паузата на музичарите во овој период на пандемија.
„Не е баш пријатно. Напротив е многу непријатно за луѓе активни, професионалци, да немаат ангажман, да седат дома.
Повеќето од нас се снаоѓаат, почнуваат нешто друго да работат иако ние не сме специјализирани за тоа другото. Дури и да се специјализираш, тешко тоа оди. Јас сум на пример квалификуван новинар, но сега не можам и не сакам да се враќам назад.
Имаше некои малиц -иозни препораки до нас, демек можеме да чистиме скали, можеме да работиме во нива, невкусни и бе зоб-разни коментари.
Не е лесно, и на никого не би му посакал да остане во таква ситуација, да работи едно, и да мора на 40-50 години присилно да се преориентира. Како прво, никој не те прима на работа.
Лесно е да кажеш од страна- работете во нива. Тој што работел во нива го правел тоа цел живот, и не може секој тоа да го прави, иако изгледа можеби лесно.
На сите ни фали дружење. На луѓето им фали дружење, музика, на нас ни фали ангажман“, рече Благоја и потоа зборуваше и за своите синови.
Помалиот Марко, од сегашната сопруга Ирина, има 11 години, а поголемиот Матеј кој го има од поренешната сопруга Татјана Стојановска има 23 години. Благоја рече дека не е строг татко.
– Не можам да кажам дека сум многу строг, имам моменти кога сум малку изнервиран, па ќе свикам. Со големиот и нема потреба да сум строг, тој е веќе големо момче, дечко 23 години, веќе бара работа дипломиран е.
Девојка не знам дали бара, дали има, нашол, не ми кажува. А со малиот уште имаме доста за расправија, има 11 години, и уште се расправаме со школо, со онлајн настава. Музика воопшто не ги интересира и двајцата.
Очигледно дека нема да одат по моите стапки. Големиот син секако не, за малиот уште не се знае, ќе покаже времето, може да изненади, иако сепак мислам дека нема“, рече Благоја.
Адријана Алачки неодамна објави слика со своите пријатели, Баже и Ирена Спировска, дотерани и стокмени како да снимаат новогодишна емисија. Сликани се во ТВ „Алфа“, каде што Ирена работи, а истата телевизија ја емитува и емисијата на Адријана.
Под нив стои написот „Везилка“, таа што претпоставуваме дека се работи за нова емисија на „Алфа“, а според луѓето на сликата и според насловот, не очекува уште една емисија со убава македонска музика.
Овој пат, триото Ирена, Адријана и Баже беа во парк Гиновци и се пофалија слики како уживаат во добро друштво, во убавата природа со убаво ѓезме, како дел од подготовките за емисијата.
Благоја е сликан со две убави жени кои се долго време на ТВ екраните. Едната е Искра Мишиќ која е повторно дел од ТВ Алфа, а другата е Ирена Спировска, во нивното студио.
Блазеси му на Баже со овие две убавици, му личи вакво друштво.