Автобиографската книга на Аца Лукас со наслов „Ова сум јас“ ја разбранува српската јавност, а делови од неа ја откриваат позадината на многу настани.
Автобиографијата „Ова сум јас“ на фолк-пејачот Аца Лукас, во која открива пикантерии од својот богат живот, ја бранува јавноста од мигот на нејзиното објавување.
Освен за ска нда л-ите во односот со бившата сопруга Соња Вуксановиќ, Аца раскажува и за односите се своите колеги, меѓу кои и со Лепа Брена.
Имено, Аца опишува зошто не присуствувал на свадбата на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ.
Во светот на шоу-бизнисот и свадбата на најмилото е исто така бизнис. Затоа венчавката беше организирана во четврток, за пејачите да можат да работат за време на викендот.
Десеттина дена пред венчавката, го сретнав Шабан Шаулиќ на еден од европските аеродроми. Тој беше куќен пријател со Брена и Боба.“
„Знаеш кој ме покани на свадба?“ – ме праша Шабан. „Знам. Брена и Боба“ – му одговорив.
„Не! Александар Софронијевиќ, шефот на оркестарот што ќе свири на венчавката, ми се јави. Тој ме праша кои две песни ќе ги испеам на венчавката“ – разочарано ми рече Шабан.
„Ете, затоа Цеца, Шабан и јас не бевме на свадбата… Затоа што знаевме дека не’ викаат како изведувачи на пејачки дела, а не не’ канат како пријатели на семејството“ – напиша Лукас.
Фановите знаат дека тој ја доби ќерката Викторија со Соња Вуксановиќ, но и дека ја прифати нејзината Софија од првиот брак како негово дете.
Исто така, пред овој брак, тој ги имаше синовите Андреј и Лазар, како и ќерката Милјана.
Во книгата што штотуку ја објави, Аца наведува дека грижата за неговото семејство е важна за него, и ако нешто му се случи за нив треба да се грижи неговиот колега, Аца Пејовиќ.
„Тој тоа го кажа на промоцијата на книгата и му се заблагодарувам, секако, за таа доверба. Аца е мој 100-годишен пријател, брат и пријател.
Аца Лукас, јавно го ос уди изборот на Марко Ѓуриќ за амбасадор во Колумбија, објаснувајќи дека Ѓуриќ не е доволно компетентен да ја извршува таа функција, пренесува српскиот портал News net.
Лукас изјавил дека има многу подобри опции од Марко Ѓуриќ и дека е прилично изненаден од ова решение.
– Не дека сега се наметнувам овде, но Марко Ѓуриќ е доста зафатен со вршење на функцијата амбасадор на Србија во САД, додека јас имам многу слободно време затоа што концертите сè уште не започнаа да се одржуваат на голем број.
Покрај тоа, јас ја разбирам ситуацијата во Колумбија, како и нивната економија, многу подобро од Ѓуриќ, и мислам дека би можел многу брзо да ја зголемам надворешната трговија со таа земја. Имам дури и идеја за кампањата „Ајде да купиме Колумбиец“ – рече Лукас.
Според него, тој ја очекувал поставката поради неговите чести настапи во емисијата „Хит твит“.
– Преку бројни настапи во „Хит твит“, покажав дека ја разбирам политиката и дека сум верен на оваа земја и на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Ако тоа не е доволно, и тоа е во ред, секогаш можам да продолжам да ја извршувам мојата книжевна кариера.
Колумбија сепак ќе биде дел од мене засекогаш – заклучил познатиот пејач и од неодамна писател, а пренесува Nuz net.