Привезок, мини јас – нашата позната пејачка на плажа, го покажа синчето (ФОТО)

0

Иако послабо е активна на макеоднаката естрадам, а повеќе пее во Албанија и во Косов, нема кој не ја памти Туна Сејди, која се истакна на естрадата поради свијот глас, имиџ и атрактивен изглед.




Туна во Македонија стана позната откако учествуваше на натпреварот за млади таленти „Плеј потрага по ѕвезда“ и остана запаметена како еден од најдобрите пејачки.




„Имаше моменти на дилема дали тоа што го направив е вистинскиот чекор и дали беше преголем луксуз за мене. Публиката не ја интересира дали имаш биолошки план. Едноставно сака да те гледа во тој континуитет на настапи, со нови проекти.




Се трудев да го избалансирам сето тоа и си ветив себеси дека кога ќе се вратам сакам да се почуствувам потполно обновена, за да можам да направам едно силно ребрендирање.




Зошто многу е тешко за уметниците кои се многу малку на албанскиот пазар, и не само на тој, тоа е општо насекаде… доаѓањето на нови трендови и конкуренцијата е секогаш силна, а тоа те мотивира да работиш повеќе.




И кога сум имала фаза на врвот на кариерата, со по три настапи на ден, во позиција да имам една од најплатените сезони, да бидам на листа на најплатените пеачи на пазарот, најважно ми било да има квалитет во сето тоа за да можам да ги планирам работите долгорочно.“, рече таа во Машки магазин.




Сега Туна е горда мајка на Тиaн кој има три ипол години, и успешно го менаџира приватниот и професионалиот живот. Таа неодамна стана мајка по втор пат, на Зен, и објави слики од породувањето.




Тиан е прв син на Туна и на нејзиниот сопруг, Патрис Бериша. Роден е во мај во 2017 година. По теркот на светките ѕвезди, Туна на својот Фејсбук профил објави фотографии од бебето само неколку часа по породувањето.




Можно е Тиан да го наследи музичкиот талент од мајка му. Во една прилика таа објави фотографија од синот, како се обидува да свири пијано.

Пејачката која беше и во жири во најпознато албанско талент шоу, изгледа дека ѝ се враќа на македонската естрада. Туна во 18 години му се врати на стариот пријател, Александар Ристовски- Принц кој е познат музичар и режисер на спотови.




Ова враќање Принц го најави на Фејбсук со следниве зборови: После 18 години (“Најди ноќ, најди ден”), ете нè пак.

Со ова, тој потсети на првиот хит на Туна, кој го носи името „Најди ноќ, најдо ден“. Останува да видиме што “се крчка“ во нивната заедничка работилница.




Туна е на одмор со сопругот и со децата, и на Фејсбук објави слики како ужива на море со бебето, и напиша: Привезок, мини јас.

Претходна статијаВелевска им се врати на „тезгите“, не може глава да крене од пеење, добар КЕШ на мегдан (ФОТО)
Следна статијаЖељко Јокисмовиќ криеше каде живее, ќерката Мина го издаде – ја покажа луксузната вила (ФОТО)