Ај не изигравајте многу паметни, никој не ви се плаши вас, работата е што не може секој да биде имунизиран

0

Заклучно со вчера, имунизирани се вкупно 453.773 граѓани, а со двете дози досега се имунизирани 272.129, соопшти Министерството за здрвство, кое информира дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.




– Прва доза вакцина вчера примиле 6.076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.817. Во државата вкупно се аплицирани 725.902 дози вакцини.

Граѓаните се вакцинираат без закажан термин, во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, наведува Министерството за здравство.




Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.




Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 58% од населението над 70 години, 55% од повозрасните од 65 години, 51% од населението над 60 години и 41% од тие што се на возраст над 50 години.




Министерството апелира до граѓаните да се вклучат помасовно во вакцинирањето за да се надмине епидемијата со вирусот. Информира и дека веб-страницата vakcinacija.mk е отворена за закажување термини за вакцинација на деца.

До нашата редакција пристигна порака од наш читател, кој замоли неговата реакција да ја пренесеме, но побара и да остане анонимен:




-Здраво почитувани. Револтиран сум од некои мои пријатели на фејсбук, поточно од нивните ставови и статуси околу имунизацијата. Не сакам да објавувам статус на мојот профил и не сакам да го објавувате моето име, бидејќи во последно време, оние кои се против имунизација, се прилично аг реси -вни.




Се плашам дека ќе се скарам со некој мој близок роднина, или пријател, а се изненадив колку луѓе кои ги сметав за интелектуалци, се всушност заостанати во нивните ставови.




Нивни најсилен аргумент во последно време, би рекол нивна провокација кон нас кои сме се вакцинирал е во стилот: „Ти си вакциниран, што сега се плашиш од мене што не сум имунизиран, нели тебе те штити вакцината…“




Па сакам да им порачам! Никој вас не ви се ПЛАШИ!! Јас сум имунизиран, минатата недела правев антитела и имам 6 пати повеќе од минимумот. Не ми можете мене буквално ништо!




НО! Не сфаќате, или не сакате да сфатите дека има луѓе кои сакаат, арно ама не можат да се имунизираат! Не смеат поради низа хронични болести кои тоа не им го дозволуваат. А сакаат!




Е баш поради нив, но и поради постарите лица, каде имунитетот е ослабен, потребен е колективен имунитет, а колективен имунитет се постигнува со висок процент на имунизирани лица. Од прилика вака јас разбирам, бидејќи сум лаик во оваа работа.

И дај бе престанете со тоа не прскаат, заговори, билгејц и разнорани други моронштини. Пресмешни сте.




Обработи: П.П.   Фото: Илустрација

Името и презимето познати на редакцијата. Не смее да се реемитува на други портали без одобрение од редакцијата на Галама

Претходна статијаДури 17 градови немаат ниту еден активен случај, во Скопје 88 – еве колку има во другите градови
Следна статијаСе огласи д-р Пановски и даде предлог како да се натераат луѓето да се имунизираат