Една од нашите најпознати водителки, која е долги годии на Тв екраните е Ели Танаскоска. Таа низа години наназад е едно од заштитните лица на Македонската радио телевизија, водителка и новинар што ја сакаат сите генерации. Ели во моментов ја води емисијата „Неделен магазин“.
Таа во едно интервју зборуваше за тоа како изгледа толку добро и кој е заслужен за таа нејзината убава промена во изгледот која многумина ја коментираат:
-Сум имала различни занимации и сега дури ми е чудно како сум можела сето тоа да го правам. Од собирање на салфетки, до сликање, пишување поезија, љубовни романи.
Сега немам баш толку слободно време, но можам да кажам дека храната ми е хоби. Кујната е моето царство и таму навистина се чувствувам како кралица.
Сега ќе откријам една тајна. Велат до генот е, да, но и до желбата како сакаш ти да изгледаш. Промената можеш да ја направиш однвнатре. Треба само силен мотив и промената ќе дојде сигурно. Јас цел живот спортувам, практикувам пилатес секојдневно“, рече новинарката во Точка.
За себеси, таа вели дека е среќна жена, мајка на две ќерки, Леона и Симона, која со своето семејство живее во Канада. Среќата на Ели е комплетна кога семејството ѝ е на купче, а за жал својата ќерка и нејзината најсакана внука Избела не ги видела цела година, напиша неодамна Женски магазин.
-Цела година, како цела вечност да е. Требаше да појдам во јануари, се воведе карантин во Канада. Потоа , април. Воведоа хотел кој воопшто не беше ефтин. Сега, искрено се надевам дека ќе заминам во септември. Симона работи од дома.
Додека се подготвува Изабела во градинка , јас сум задолжена за онлајн чување. Измислувам приказни, пееме заедно додека сама си мие заби и се облекува. Додека го чека татко ѝ, Изабела ми раскажува како поминува во градинка и со другарчињата.
Собрав материјал за неколку книги со вистински раскази и песни за заспивање. Многу ми фалат, многу. Но некако , пресилна е радоста и очекувањето дека скоро ќе се прегрнеме“, ни раскажа Ели.
-Јас сум ѝ достапна секогаш. Изабела некогаш ме бара и во 3 изутрина. Никогаш не ѝ велам , спијам! Станувам, палам светло и си играме игри која таа ги сака. Со Симона сум на вибер секој ден по неколку пати.
Таму ми се моите најдобри другарки, пријателки. Ми се јавуваат редовно, се гледаме. Како да се со мене“, додава таа за далечината која не ја спречува да ја одржува блискоста со најмилите“, изјави Ели.
Една од нашите најпопуларни и најзгодни пејачки е Сања Сани Гроздановска.
Сани секоја година ја гледаме како настапува во емисијата „Мерак меана“.
Емитувањето на оваа емисија која ја собира целата фолк естрада од Македонија е реприза, но сепак народот ужива додека ја гледа.
Сани во 2017 година се омжаи за својата љубов Мартин, со кого беше во врска неколку години.
Ова е втор брак на Сани која има ќерка Викторија, која има 11 години. Во номеври во 2018 година, Сани ја роди својата втора ќерка која се вика Ева.
Убавата вест на социјалните мрежи веднаш ја сподели пресреќниот тато Мартин кој напиша дека се чувствува среќно со својата сопруга која му роди ќеркичка.
Во едно интервју за „Бекстејџ“, Сани откри дека имала многу непријатни ситуации во нејзината кариера.
„Охо, имав 100 000 непријатни ситуации. Меѓутоа, знам како да се справам во вакви ситуации. Не сум од вчера во овој бизнис.
Веќе 10 години, така да знам како треба со таквите луѓе“ вели пејачката.
Сани тогаш откри дека добивала и понуди колку пари бара за една вечер. Исто така, фолкерката откри дека нема направено никаква хирушка интервенција на себе, но дека планира да ја корегира устата.
Сани ги демантираше сите шушкања за наводната афера со Аца Лукас.
„Јас Аца Лукас не го шармирав на љубовен план, го шармирав со пеење. Не му се верувало дека некој во Македонија има таков целосен пакет. Не сум го освоила на љубовен план, како што се пишуваше“ вели Гроздановска и додава:
„Разговаравме околу песната, околу кариерата, околу настапите, ме праша кога ќе снимам во Србија. Па, можеби ќе излезе некој дует. Не се знае“ рече пејачката за Бекстејџ.
Сани и Ели се најдоа на иста сцена ама и со убав повод, а тоа е ДОЈРАН ГУРМАН ФЕСТ 2021.
Се појавија фотографии на социјалните мрежи на кои двете дами блескаат на свцената, Сани во кратко фустанче за да ги го задржи познатиот стил, а Ели во долг фустан, средени и двете од глава до петици.