Зоран Заев: Кога се роди ќерка ми, 16 пати ми ја свиреа оваа песна

0

Премиерот Зоран Заев, во интервју за српски Курир, проговори за приватниот живот. Меѓудругото, тој откри како се чувствувал кога се родиле неговите деца, Александра и Душко.

-Бев во врска со Зорица уште од средно училиште, и тоа стана сериозно на факултет. И таа студираше економија.

Бевме во врска најмалку пет години, моите пријатели веќе започнаа да се венчаат, а потоа забремени девојката на брат ми, која е една година помлада од мене. Татко ми тогаш ми се јави:

„А кога планираш свадба?! Не може да биде така“. Веќе беше време за мене, 26 години. Јас и брат ми се свршивме заедно. Тој беше првиот што се ожени, а неколку месеци подоцна и јас – на 30 септември 2000 година.

Патем, на 30 септември имаше референдум за промена на името на државата, па сега не заборавам кога е годишнината од мојот брак.

Сепак, му препорачувам на мојот син да почека најмалку 30 години за брак, да поживее, да ја живее својата младост.

Кога ќе стапите во брак, нема враќање – готово е. По венчавката не ми беше одземена можноста да се дружам со моите пријатели или кафулињата, но обврските доаѓаат.

Ја добивме ќерка ми Александра во април 2001 година. Кога се роди, 16 пати ми ја свиреа песната „Икона си моја“ во кафеана, а кога одбија по 17-ти пат, ги искр шив шишињата.

Еве, носам спомен од тоа на мојата рака, бев во болница, ме зашија. Во моментов студира медицина во Софија. Не го сакав тоа затоа што ќе биде студент цел век – шест години студирање, потоа вежбање, па специјализација, па не знам што после не.

И тоа не е добро ниту за жена, затоа што треба да биде и мајка. Кај нас семејството го води мајката, таа повеќе се грижи за децата отколку таткото. Но, таа го сака тоа. Таа не сакаше да студира во Скопје, рече: „Јас ќе бидам ќерка на премиерот овде, а сакам да бидам само студентка“.

Добивме син во 2003 година, тој се роди неколку месеци по упокојувањето на чичко ми Душко, кој беше мојот втор татко. Затоа му го дадов името Душко.

Радоста беше голема кога добив син, но се надевам дека ќерка ми ќе ме гледа повеќе кога ќе остарам. Тоа е нашата православна традиција. Синот завршува трета година во средно училиште. Економска насока, се разбира.

Јасно е дека го запознавам со нашата деловна активност. И тој сака да биде бизнисмен, нема да оди во политика. И мило ми е за тоа, затоа што и премногу е еден политичар во семејството, рече Заев за Курир.

Претходна статијаИсчестете дома со методот кој го користат музеите – со денови нема да видите прашина
Следна статијаПо подолго време се огласи Битолскиот професор Трајковски: Опасноста од нов бран е реална