Зоки Фаци удри по Миро екс „Бекстејџ“: Оди во Штип и паси овци!

0

Миро Кацаров до неодамна беше заштитно лице на „Бекстејџ“, и зад него се многу интервјуа, прилози, концерти кај нас и во странство.

Неодамна, Кацаров објави интересна вест која ги изненади неговите пријатели и фанови. Имено, тој веќе нема да биде дел од „Бекстејџ“, а во статсуот напиша детали за неговиот трансфер.

– Поминаа повеќе од 7 години взаемна соработка почит и разбирање.

Преку стотици итервјуа со најголемите имиња од регионот, илјадници минути го водев најгледаниот естраден магазин, мењав партнерки, мењав телевизиски куќи, мењав студиа. Три Златни бубамари уше толку пати бренд на годината.

Но, дојде време за промена, а кога срцето и разумот заедно ти го кажуваат тоа ондак ти си на вистинскиот пат, па затоа преземав чекор каде ќе ни се разделат патиштата.

Backstage Macedonia ти благодарам за се што направи за мене и што ме трпеше сите овие години, се надевам дека довербата што ми ја дадовте ја оправдав и остаив траен белег. Мојот аганжман е до 15 март со вас на Телма.

Од Април моја нова телевизиска куќа ќе биде најгледаната во Македонија или Канал 5 Телевизија. Драги пријатели сакам да ве известам дека се гледаме со нова емисија во ново студио со нова екипа и во нов термин.

До тогаш сакам да бидам искрен со вас и сум убеден дека го направив вистинскиот чекор кој ќе ми донесе нов предизвик, нова димензија, нови моменти и нов почеток во животот“, објави водителот.

Но, Мирослав во свој стил на Фејсбук повторно изненади. Објави слика со Ведрана Ѓорѓевиќ, една од нашите најпопуларни водителки, но и најзгодни манекенки.
Миро ја замени своја колешка Миа со која водеше Бекстејџ со Ведрана и напиша:

Другари и другарки, денес е денот кога и официјално ја објавуваме новата фотосесија, името на емисијата и датумот на премиерното издание.

11 Април (недела) 19:30 Канал5 “Golden Carpet“, најавувајќи ја новата емисија. На Миро и на Ведрана добро им тргна со новата емисија, за што Миро и самиот си се пофали на Фејсбук:

-Очигледно емисијата што започна пред “само” три недели на Канал 5,феноменално помина кај народот, на што сум ултра радосен и подмочан од среќа. Одлични рејтинзи, супер гледаност, топ гости и многу коментари.

Македонија ја сака, не застануваат, ни ја прераскажуваат, не поздравуваат.

Луѓе ви благодарам многу, најмногу “ Голден Карпет” е од народот и за народот напрена, за да може бар на момент да се исклучи од секојдневието и од сите глуп-ости.

А оние кои ни ги бројат гостите дали се сдсм или вмро, левица или лдп и се јавуваат по партии, е тие се нашите најголеми фанови, на добар пат сме значи тоа, се збори за нас, се плашат од нас. Ќе продолжиме уште појако“, изјави Кацаров.

Зоки Фаци во своите сториња наИнста секогаш отворено кажуива што мисли, а овој пат зборуваше за промоијата на новата песна на Лила Филиповска и Филип Пешевски која се вика „Тешко мене без тебе“.

– Ова е списокот на сите новинари што ќе бидат поканети на проимоцијата на новиот видео запис на Филип Пешевски и Лила Филиповска, овде во „Ми каса“. Мора да ги почитуваме сите протоколи.

И, ние му се јавуваме на Миро Кацаров, тој е еден водител од Штип, се обидува да биде скопјанец сите овие години, ама за жал не му успева.

И сега, му се јавува културно Филип да го покани на промоцијата, ете како водител, и он му се дере замислете, и му вика: Нема да дојдам на промоцијата затоа што Зоки Фаци ме хејташе на Инстаграм.

Како бе дечки да не го хејтам, кога во емисија вика гости и они ги дуваат оние балони од хелиум, тоа е некоја фора стара сто години. Дечко, што има врска моето хејтање со поп-пејач и супер стар Лила Филиповска кои имаат дует?

Зашто мораш преку мене да ги лечиш твоите фрустрации, кога јас ти кажувам се искрено во фаца? Значи,тука се работи за професионалност, не за аматеризам. Тоа кај мајка ти во Штип.

Јас сум телевизиска ѕвезда 20 и кусур години, зашто доаѓав на сите промоции. Без разлика дали ме хејтаа или не, јас доаѓав таму, тоа ми беше професија, како што тебе ти е.

Ако не ти се свиѓа, оди во Штип, и паси овци. Миро Кацаров, ти си клошар за мене, а јас сум супер стар“, му порача Зоки на Миро.

-И, да завршам со мојот говр. Затоа македончето нема да го биде. Затоа што газиме се што е наше, затоа што сме болно исфрустрирани од дома. Луѓе, песнава е врв.

Миро Кацаров ќе моли да ги снима Филип и Лила во некој следен живот. До тогаш, одиме да пасеме овци. Беееее!“, додаде Зоки Фаци.

Претходна статијаОва е поранешната на Вељко Ражњатовиќ, откри во какви односи се сега (ФОТО)
Следна статијаМора нешто да не е во ред, мајка ти сигурно не би те проколнала без причлина – неверојатна исповед од Света Гора