Врие од змии во Скопје, еве што да направите ако некоја ви влезе дома

0

Тина Мицковска е портпаролката на Зоолошката градина во Скопје, активист за правата на животните, диџеј и новинар.

Таа на својот Фејсбук објавува постови за несовесните граѓани кои се однесуваат со животните во Зоолошката контра правилата.

Неодамна, Мицковска објави своја лична приказна, која е на некој начин поврзана со животните, но пред се е со неа, а зборува за борбара против анкзиозноста.

– Честопати се прашувате што се случува со некој ваш пријател. Го нема да се јави, кратко ви одговара на пораки или пак често кога и да го викнете да излезете ве одбива со изговор дека е преморен.

Тој пријател сум и јас и мислам дека е време да зборуваме за тоа, затоа што знам дека не сум сама. Многу од нас се анксиозни, ама многу. Некои дури и не се свесни што им се случува. Напорно е човек да се бори со анксиозност, стварно напорно.

Постојан замор, страв, енормно зголемена емпатија и сочувствување со другите, тага, вознемиреност и неможност за често дружење, пан ични нап ади, несоница…

До оваа состојба се доведов од немоќ да помогнам на многу животни во невоља, од неправди, од злобата која ја гледам наоколу и ја осеќам и на своја кожа.

Некои од нас не се навикнати да живеат во ваков свет, не можеме да замижиме пред многу работи.

Некои пак станаа анксиозни поради целата ситуација со пандемијата, некои од страв, а некои после прележан ко-вид.

Ги разбирам сите, затоа што анксиозноста е како најнепожелна личност во околината од оние што прават сплетки и ти го уништуваат животот. Честопати не контролира и ни го ограничува функционирањето.

Но, да не биде се црно, првенствено мора да знаете дека НЕ СТЕ САМИ и дека можете да ја победите анксиозноста. Да, факт е дека треба малку и сами, малку заеднички да се избориме со оваа wannabe господарка на нашите животи.

И не, не е ич срамота да се збори јавно за ова. Напротив, сметам дека треба што повеќе да се крене свеста.

Затоа што од тоа- „Абе ништо не ти е, ај не глуматај, немој да си кажала јавно, ќе ти се смеат”, уште повеќе патат анксиозните луѓе.

Ако понекогаш не сме расположени за дружба или за разговор по телефон не значи дека не ве сакаме, туку дека едноставно сме уморни. Уморни од се.

Ама за среќа научив чекор по чекор да се спротиставувам на анксиозноста. Почесто сум победник во дуелите, иако неколку смр -тни случаи во семејството и меѓу омилените животни ме треснаа буквално од земја.

Покажете ѝ заби, не дозволувајте да управува со вашиот живот, правете работи кои ве прават среќни и дружете се со луѓе кои ве разбираат.

Чим повеќето дуели ги добив, ќе ја добијам и крајната битка. Ме знаете како позитивна личност, таква и ќе останам. И сите вие други (можеби секој втор буквално) кои се борите со ова зло, ќе победите. Само лагано и без предавање другари“, објави Мицковска.

Како што е познато во Скопје неодамна се отвори Дино паркот кој е вистинска атракција за семејствата, особено за најмладите. Но, вработеноите во ЗОО мака си мачат со посетителите, и за ова Мицковска напиша на Фејсбук:

Сите ни викате- блазе си ви си работите со животни, супер ви е. Ама мислам дека после сите случки од луѓе што ги видовте деновиве, сфаќате дека сме со една нога во Бардовци веќе.

И во Зоо и во Дино парк овој и изминатиот викенд комплет сите се збудалевме, пробувајќи барем малку да ги едуцираме посетителите. Но, за жал резултатите ги видовте… Само комунална полиција е спас.

На моите колеги, вклучувајќи го целиот персонал на терен и директорот би им дала орден за храброст и издржливост после се што поминавме.

Мицковска напиша статус кој се однесува на смиите за кои граѓани на Фејбсук велат дека врие во Скопје. Таа објасни како да реагираме ако змиите „не дај боже“ ни влезат дома.

На лето секогаш излегуваат повеќе змии во Скопје, најчесто во потрага за храна, период за парење и урбанизација на нивните природни живеалишта.

Да не заборавиме дека тие многу пред нас биле жители овде и ние им навлеговме во територијата. Плус треба малку повеќе да внимаваме на хигиената, да не фрламе ѓубре насекаде како што фрламе и се ствараат мини депонии.

Тие привлекуваат глодари кои одат по храна, а глодарите се храна за змиите кои доаѓаат по нив.

Ако ви дојде змија по дома и се плашите, пишете ми мене или на моите колеги, ќе дојде служба која безбедно ќе ја отстрани и ќе биде однесена во планина.

И за крај сепак ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ, за еден вид- Внимавајте и пазете се од змиите на две нозе- тие опасно може да ве повредат. “

Претходна статијаИванов: Еве како Бог ни помогна да ги платиме долговите за Проект Куќа со Кристина
Следна статијаСашко Коцев убаво им објасни на возачите како треба да се однесуваат на жешкото време (ФОТО)