Врчак се огласи по долго време: Како паднат од Марс сум (ФОТО)

0

Раде Врчаковски- Врчак беше еден од нашите најпопуларни рапери. Неговите песни „Пред да заспијам“, „И повторно сам“ и многу други беа мега хитови, а и денес се пеат. Врчак, заедно со Тамара и со Адриан Гаџа беше и на „Евровизија“ во 2008 година во Белград.

Врчак, по стапките на татко му, познатиот доктор Миодраг Врчаковски студираше медицина, а паралелно и музика, на познатиот американски музички колеџ „Беркли“. Неговиот талент е несомнен, но сите се прашуаа зошто се повлече од музиката?

Од Раде одамна не сме слушнале ништо ново, ниту пак најава дека нешто ќе снима. Тој не се појавува во медиумите, не дава интервјуа, го нема на социјалните мрежи, и никој не знае каде е и што прави. Неговиот колега и пријател Роберт Билбилов лани ја заскокотка јавноста со една објава.

Роберт објави слика од Врчак, која е стара и на неа напиша дека нешто се наговестува. Фановите по оваа објава помислија дека Врчак се враќа на сцената, но ништо од тоа.

По долго време, Врчак минатата година сподели објава на Фејсбук. Станува збор за негов постар пост кој го реобјави.

„Пак ке кажам никогаш во живот не сум навредил никој дури ни во мислите додека не дојдов од оваа тема. Песни се песни приказни, фантазии, комедии, напишани од влијание на општеството во кое сме растени“, напиша Врчак.

Пред неколку месеци „Слободен печат“ објави фотографија од Врчак, како изгледа денес. Многумина не би го препознале.

Дали со враќањето на социјалните мрежи тој најавува и враќање на музиката, останува да видиме. Пријателите на музичарот велат дека тој и сега создава нова, добра музика, но чека вистинско време да ја објави.

Минатата година, тој објави дека е во Лос Анџелес каде што продуцира нови песни за странски артисти. Токму Роберт Билбилов кој му е добар другар го спомена во едо интервју за Женски магазин и прозборе зошто го нема Врчак.

Билбилов зборуваше и за своето другарство со Тамара и со Дарко Димитров, но акцент му даде на Врчак во овој одговор:

-Со Дарко сме буквално скоро секој ден на линија, или возиме точаци заедно, или работиме музика…

Нашата дружба не се промени од првиот ден кога се запознавме, имав 15 години кога прв пат отидов кај него во студио, уште тогаш ме прими како свое дете кој е рамен на него, и ми ги отвори патиштата кон музиката и воопшто продуцирањето…

Бескрајно сум му благодарен за тоа…Тамара исто така, ние сме една душа во две различни тела, можеби денес поради секојдневните обврски не успеваме да се гледаме секој ден, но и кога нема да се слушнеме извесен период ние знаеме доста еден за друг.

Пријателството е како ѕвездите, и кога не ги гледаш едноставно знаеш дека се таму…

Врчак едноставно се повлече и од мене и од доста другари, пробувам да го исконтактирам но тешко иде конекцијата со него…

Мислам дека јас бев неуморливиот да го врати, но тоа е негов избор, јас искрено верувам веќе повеќе од една деценија дека ќе ни се врати со песни на кои ќе уживаме во неговите текстови, и ќе ни врати едно убаво чувство на сите нас.

Луѓето го сакаат и секојдневно се молат за неговата музика,Раде брате врати се…Ниедна песна нема да биде доволна добра или совршена,сепак убавината е во несовршеноста…“, рече Роберт.

Оооо оооо Македонија на Европско…. Сите сплотени сме заедно…. Оооо оооо Македонија на Европско сите дишеме ко едно…

Вака гласи рефренот од новата песна со наслов „Македонија на Европско“ со која момците од ДНК ќе ги бодрат нашите фудбалски репрезентативци на претстојното Европско првенство.

И не само Панчо и Андреј поддршка на црвено-жолтите им даваат еден куп колеги – музичари, спортисти, актери, пријатели на ДНК и вљубеници во спортот и фудбалот, кои се дел од уникатното видео, кое зрачи со љубов и желба за победи и што е можно подобар пласман на нашите момци.

– Им посветивме песна на фудбалерите кои се наши херои, и не само наши, на ДНК, туку на цела нација. Затоа решивме да направиме и вакво видео во кое буквално целата естрада за прв пат е собрана заедно на едно место, во друштво на спортисти, актери…

И сите во одлична навивачка атмосфера. И затоа сме им благодарни на сите кои имаат свое место во овој видеозапис.

Сакаме навистина и од СРЦЕ да им се заблагодариме на сите, особено на нашите фудбалери за одвојувањето од нивното време да снимат кратко видео каде што сите ќе ги видат во едно поинакво светло од она на терен.

Вистински професионалци од прв до последен, вклучувајќи го и селекторот Ангеловски.

Особено мора да му се заблагодариме на Илија Несторовски, кој беше главна алка и спојка, и кој воедно ги потсетуваше сите навреме да испратат видео, велат Панчо и Андреј, кои се особено горди на тоа што дел од кадрите им припаѓаат и на оние кои се главни јунаци во целата оваа приказна – фудбалските репрезентативци.

– Големо благодарам од нас оди и на сметка на Агенцијата за млади и спорт и директорот Наумче Мојсовски, затоа што несебично ни излегоа во пресрет и ни помогнаа околу логистиката, велат момците од ДНК.

-Веруваме во песната, веруваме во момците и #Македонија на Европско, велат Панчо и Андреј.

Како автори на оваа песна и овој пат се потпишуваат Панчо и Лазар Цветковски, во чие студио и е снимена, продуцирана и мастеризирана „Македонија на Европско“. Видеото, пак, е со потписот на режисерот Владимир Митревски – Ѓуле.

И да, во спотот премиерно се појавува и подмладокот на бендот, односно новите членови Андреја (10 г.) басисит, Марјан (6 г.) тапанар и Јана (5 г.) клавијатури и придружен вокал, всушност синовите на Панчо и ќерката а Андреј.

Во спотот се појавуваат и трите деца на селекторот Игор Ангеловски- Мрме, но и децата на Перо Антиќ, синовите на Ребека, а се појавува и внуката на Елена Ристеска.

Слаткар, Бени- Нон стоп, Ферус Мустафов, Сузана Спасовска, Елена Велевска, Миле Кузмановски, Сара Мејс, Ферус Мустафов, Кире Лазаров.

Тука се и Дани Димитровска, браќата Тавитјан, Кристина Арнауодова, Антониа Гиговска, Наум Петрески, Андријана Јаневска, Влатко Лозаноски, Огнен здравковски, но и Горан Пандев, како и селекторот Ангеловски и самите фудбалери на репрезентацијата се дел од овој спот.

Тука се и неклку јутјубери: Стефанатор, GP, Иван Ајнптајн и Кикие Цветче, актерпт Сашко Коцев, водителот Жаре… И токму оваа песна го натера Врчак конечно да се огласи на Фејсбук.

Тој призна дека не следи ништо што се случува во нашата земја и напиша: „Како паднат од Марс јас, немам појма што се случува во МК – Панчо ми ја прати оваа песна да ја споделам“.

Претходна статијаЗа кај нас дознавме како ќе биде, а еве како ќе се организираат свадби во Србија
Следна статијаГавазова ја кажа вистината зошто од Шведска се вратила во Македонија, и прозборе зошто го сака сопругот