Внукот на Шабан Шаулиќ се ожени на лозје, жена му Гордана низ солзи раскажа… (ФОТО)

0

Внукот на упокоенито пејач Шабан Шаулиќ, фудбалерот Лука Аџиќ, ја круниса врската со Александар Личин со брак, а на свечената церемонија присуствувале само најблиските.

Лука и Александра одлучија да кажат судбоносно „да“ на Палиќ, опкружено со лозја. Поради епидемиолошките мерки, парот сега се одлучи да го помине овој прекрасен момент во најинтимна атмосфера.

На веселбата беа само кумовитерте, како и членови на потесното семејство, вклучувајќи ги и родителите на Лука, Санела Саулиќ Мирковиќ и Иван Аџиќ, тетка Илда и нејзиниот сопруг Бојан Вучковиќ, како и бабата Гоца Шаулиќ.

Шабан Шаулиќ пееше на безброј свечености во текот на својот живот, но, за жал, не го доби овој миленик.

– Во текот на целиот ден, чувствата се мешаа во нас, од една страна бевме пресреќни што го видовме Лука како започнува ново поглавје во неговиот живот, а од друга страна, жалиме што Шабан не дочека да го види тоа.

Лука беше нашата прва радост и Шабан секогаш имаше посебна врска со него, така што сум сигурна дека тој ќе беше најсреќен на светот денес.

Животот сигурно мора да продолжи, а бидејќи нашиот Лука и неговата Александра наскоро ќе станат родители, пред нас се уште денови на неизмерна среќа и гордост – рече Гоца Шаулиќ низ солзи.

Лука и Александра ќе станат родители на крајот на јуни и ќе имаат ќерка, а среќната вест ја објавија на крајот на март.

– Пред нас се уште многу убави моменти со нашата ќерка и знам дека ќе бидеш најдобрата мајка на светот. Се радувам на се што доаѓа – напиша тогаш Аџиќ.

Лука е, инаку, многу успешен фудбалер, кој ги направи првите чекори во Црвена звезда, и со својата работа успеа да стигне до позицијата капитен во младата репрезентација на Србија.

Денес тој игра за фудбалскиот клуб Андерлехт, додека неговата избраничка Александра е магистер по технологија.

Претходна статијаВодителката Јована со новите усни не личи на себеси – филтер или полнети со силикон? (ФОТО)
Следна статијаСе огласи Агнеса по рзводот со Орданоски, и проговори за ќерките