Ване Маркоски е еден од нашите најпопуларни водители, и актуелен на социјалните мрежи. Речиси секое утро, тој споделува фотографии од неговото ново работно место, Македонската радио телевизија.
Ване е по се изгледа радосен што денот му почнува со колешките и со гледачите на МТВ, водејќи ја Утринската програма. Тој претходно беше дел од тимот на Канал 5, од каде што си замина претходната година.
Ване за Женски магазин раскажа за одлуката да си замине од Канал 5 и да ја смени средината- во Македонската радио телевизија.
– Секогаш го слушам внатрешниот глас и знам дека тоа ме води во вистинската насока. Промените годат навистина и ги охрабрувам сите да ги практикуваат.
Секако дека имаше и потешкотии целиот овој период кога требаше да ја донесам одлуката. Не е лесно.
Одлука, нова средина, страв, трема, ама ако се издигнеш над сè, со искреност и си ја гледаш својата работа, без да наштетуваш на некој, тогаш сè си доаѓа на место“, раскажа Ване.
Познато е дека добра пријателка на Ване му е Милена Антовска- Станковска, водителката од Канал 5.
Ване и Милена се блиски уште од времето кога работеа заедно во оваа телевизија, а и сега поминуваат заедно доста време.
Милена неодамна на својот Фејсбук профил објави интересен статус за тоа како се чувствува:
-Многу луѓе ме препознаваат по мојата насмевка, велат секогаш сум насмеана. Се трудам да е така и најчесто така и се чувствувам, но има и некои денови кога баш и не ми се смее, но не сум единствена и не е ништо ново за ова време во кое живееме.
Сепак кога подобро ќе размислам и нема причина оваа насмевка да се избрише од моето лице затоа што моите најблиски се живи и здрави, а тоа ми е најважно.
Маана можеби ми е што често себе си се ставам на последно место. Дали е добро тоа или не, не знам… Времето ќе покаже“.
Откако попуштија мерките, Ване и Милена се повеќе ужоваат во излегувањата. Ване објави слика со својата пријателка, и двајцата тип-топ дотерани, како уживаат со коктели во еден скопски бар.
На оваа нивна слика, реагираше нивната колешка Бубе Јаневска- Ивановска од Канал 5 која со емотикон им порача да уживаат.