Турунџиева објасни како најлесно ќе се вратиме на старото нормално

0

Сузана Турунџиева многу често на својот Инстаграм и фејсбук споделува мудри и инспиративни мисли, кои се и интересни за нејзините следбеници.

Пејачката, водителка и писателка минатата година ја промовираше новата книга со наслов „Зборотерапија“ за која рече дека е разгиовор со нејзината душа, нејзината долгогодишна потреба по сопственото јас.

Познато е дека Сузана стана добра пријателка со хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, која речиси цела мината година, додека не ѝ беше готова новата куќа во Дорфулија беше кај Сузана.

Од накит има само очи… ОЧИ, ПОЛНИ ЧОВЕЧНОСТ И ДОБРИНА! Да ја немаше ќе требаше да ја измислиме. Атиџе Муратова“, напиша Сузана за својата пријателка.

„Понекогаш медицината не е во состојба да го излечи она што љубовта може да го исцели… Биди љубов“, вели уште еден интересен статус на Сузана. Во друга објава, таа зборуваше за своето животно искуство.

„Она што не го учевме во училиште е ИСКУСТВОТО… со луѓе, ситуации, носење на одлуки, избори… Некои лекции изгледа не можат “од прва” да се научат, па затоа животот не ретко не праќа на поправен испит…

Секоја година ми носи нов “матерјал за учење” кој подоцна станува мој благослов. Најважно што досега научив е дека:

– Ако нешто не оди, тогаш немој да форсираш… Сигурно не е за тебе!

– Почитувај ги своите и туѓите граници! – Не постои награда за трпение…

– Биди она што си, бидејќи на вистинските луѓе им е важна твојата содржина, а не амбалажата.

– Немој да тргуваш во релациите со луѓето за да не дојдеш во ситуација да се ставиш себеси на распродажба. – Кога сакаш некого, кажи, ама и покажи!

– Во ред е да тагуваш понекогаш.. – Простувај секогаш кога можеш..“.

Сузана претходно беше во брак со пливачот Александар Маленко, таткото на нејзината постара ќерка Лора, а потоа се омажи за Маријан Јовановиќ, познат скопски угостител, кој поч -ина пред повеќе од четири години. Маријан е татко на помалата ќерка Матеа.

За него Сузана има изјавено дека ја сакал повеќе од својот живот. За Божиќ, Сузана објави видео како ја пее песната Feliz Navidad, и многумина ѝ честитаа на изведбата.

Во еден нејзин статус, Сузана со неколку збора да ја раскажала својата животна приказна.

„Велат дека на секоја жена и е потребен маж, за да има на кого да се потпре во животот…Еее, ама јас тој филм го немам гледано… Го изгледав само трејлерот… Филмот, за жал, заврши пред да почне.

Арно ама, за сметка на тоа што го пропуштив филмот, животот ми даде едни супер жени, едни женски братчиња, едни исклучителни и скапоцени женски битија со златни срца, благородни души и златни раце…“.

Сузана на Инстаграм објасни како сите ние сега ќе се снајдеме со враќањето во старото нормално:

-Овие денови се почесто се зборува за “враќање на старо”… И сосема разбирливо: олабавија мерките, се симнаа маските, се намалија бројките, и луѓето се опуштија ..

Меѓутоа, дали навистина толку сакаме да се вратиме на старото?!
Да излезам од контекст на рестриктивните мерки поради пандемијата, ние реално, од старото сакаме да го задржиме само она што е добро, што вреди, што ни служи, и што можеме да го унапредуваме и подобруваме…

И кога на сето тоа ќе ги додадеме новиот поглед на живот, благодарноста затоа што сме живи – сега и тука, толеранцијата и одговорноста кои ни ги разбуди новата реалност, тогаш со сета сила можеме да го “гушнеме” секој нов ден и да гледаме напред, наместо назад…

Бидејќи овде сме за непрестано да растеме и да се развиваме, да учиме и еволуираме, а не за да се враќаме на старо…

Претходна статијаНашата позната пејачка никој не би ја познал на оваа слика, пријателката ѝ го смени личниот опис (ФОТО)
Следна статијаЦеца кога остава пари на трубачи не штеди, лепи 500 евра без око да ѝ трепне, музичар раскажа за својот бакшиш што го добил од неа