Како што е познато, фолк пејачите Татјана Лазаревска и Новица Василевски живеат во Мелбурн, во Австралија, а се преселија симболичен датум, на Водици во 2015 година.
Во едно интервју рекоа дека не им било лесно да ја напушат родната Македонија, но сметале дека така е подобро.
– Главна причина беше: на децата да им се даде можност за поразлична иднина. Нема да кажам поубава, ќе кажам поразлична.
А искрена да бидам Новица и јас често зборувавме како сакаме да живееме надвор од границите на нашата држава, за да ја збогатиме нашата биографија“, рече Татјана во интервју за а svet-australia.com
Во една прилика Татјана раскажа дека токму музиката е и главниот виновник за нивната прва средба со Новица.
– Се запознавме на една заедничка свирка, но тоа беше во времето кога и двајцата почнувавме да ги градиме кариерите. По првото познанство, често знаевме да се сретнеме на различни фестивали, музички манифестации, често излегувавме на исти места. Љубовта дојде нешто подоцна – се потсети таа.
-Мојата музичка лична карта е песната „Аце, Аце“. Од кога сум во Австралија снимив неколку песни, но ниту една не го повтори успехот на оваа песна.
Планирам да снимам уште песни, а дали некоја ќе стане хит оставам на публиката да пресуди“, рече Татјана за својот најголем хит, а потоа зборуваше и за својот Новица.
-Коалицијата Лазаревска – Василевски одлично функционира веќе 17 години. Кога има разбирање, поддршка и љубов, тогаш тоа е осудено на љубов“, искоментира таа.
Нејзиниот драг Новица, неодамна прослави јубилеен 50 роденден, и по тој повод Татјана му направи гала журка со сите салтанати.
Балони, торта, шампањско и сите нивни блиски пријатели околу, вака изгледаше оваа забава според сликите и видеата што ги објави Татјана. Меѓу гостите беше и Маријана Новачевска.
Како подарок за својот сопруг, Татјана испеа дует со него, а тоа е песна од Лепа Брена, која таа своевремено му ја посвети на својот син.
Стиховите на оваа песна велат: Ја немам други дом, осим дома у срцу твом, осим тебе никога, на свету немам ја“.
Во видеото, Новица и Татјана играат танго и ја пеат оваа песна. Таман им тргна со настапи на Татјана и на Новица, во Австралија поради зголемениот број на случаи заболени со вирусот, повторно има карантин.
Затоа, таа на Фејсбук објави дека нејзиниот настап нарачен Балканска вечер е одложен. Но, Татјана на Инстаграм се пофали со сосема нов имиџ.
– Да, тоа сум јас, напиша Татјана, а на сликата е со виткана коса- перика, и со кратко црно фустанче кое супер и стои.