Шеф Никола од „Брза кујна“ прозборе која е неговата најголема грешка

0

Готвачот Никола беше гостин во емисијата „Магазин“ на Сител ТВ и зборуваше за интересни нешта. Никола раскажа дека има завршено средно угостителско училиште.

– Јас неколку пати имам кажано за децата кои навистина не знаат каде да се запишат во средно училиште, еве јас ќе ги измотивирам, ќе им кажам да се запишам во средното Угостителско училиште „Лазар Танев“ затоа што има иднина во тоа училиште.

Има многу угостителски објекти во државата наша, а да не збориме за надвор. Оваа работа е доста ценета, доста платена и може да се оди напред во оваа работа.

Еве, ќе тргнеме од мене, јас завршив за готвач и тоа го работам цел мој живот.

Треба да се вложиме во оваа работа, да ја сакаме многу за да успееме, а финансиите ќе си дојдам сами по себе“. Ова е советот на Никола.

– Татко ми беше полицаец, мајка ми готвачка во едне ресторан, а јас знаете што сакав да бидам? Нема да ви се верува, поп сакав да бидам. Но, среќата не знаеш каде ќе те однесе. Некако мајка ми велеше: немој само готвач да се запишуваш!

Праксата е најбитната работа. Мајка ми ме однесе во еден ресторан кој го држешње нејзин колега, и од првиот ден како влегов во кујна, еве до ден-денес не сум излезен“, рече Никола и откри детали за „Брза кујна“.

– Спремаме нешто ново во брза кујна, од септември ќе има новости, малку новитети ќе внесеме во нејзе, ќе внесеме малку колоритност, друга боја.

Сите ме прашуваат, дали навистина за 20 минути готвите? Јс им велам: Дојдете во нашата емисија, и ќе видите дека навистина готвиме за 20 минути. Ни една емисија немаме задоцнето.

Сме задоцниле, сме снемале струја или поради мали технички проблеми. Некој пат и дома си правам брза кујна. Ако ми се се најават гости, отварам фрижидер, гледам што има, и првам „Брза кујна“.

– Ние готвачите имаме еден проблем со храна, затоа сме малце поголеми него што треба да бидеме“, рече познатиот шеф Никола, познат по неговите кулинарски мамјстории.

„Не појадувам, тако ми е темпото на живот, знам некогаш првиот оброк да ми биде 11-12 часот што навистина е голема грешка.

Но, се надевам дека тој начин на живот ќе го променам, и таа навика. Правам експерименти со својот организам. Знам на пример, година дена да бидам вегетаријанец.

Година дена да не внесумав јаглехидрати, да видам телото како ми реагира. Пробав и неколку пати да постам но се сум се зарекол 100 посто, затоа што работам во кујна“, рече Никола.

Претходна статијаАнастасија емотивно ѝ честиташе роденден на Цеца и откри каков однос има со својата мајка (ФОТО)
Следна статијаСлавица Ќуктераш прозборе дали е вљубена и зошто „полудела“