Сека Саблиќ го прослави својот 79-ти роденден на снимањето на серијата „Три мажи и тетка“.
Легендарната актерка, која е позната по многу улоги, а во Македонија во глумеше ликот на Баба зумбула во филмот Бал-кан-кан, во едно интервју за Нин зборуваше на многу теми.
– Уметноста овде е на маргините на општеството. Младите се препуштени на евтиност, пореметени вредности, или се осудени на иселување од земјата, на бежанија од овде.
Тоа во вакви режими е природно, да се тргнат сите што вредат, што имаат интегритет, што се писмени и мислат.
Секој независен интелектуалец овде пречи и треба да се отстрани, како што Сталин ги отстрануваше сите што знаеја да се потпишат.
Бидејќи културата е маргинализирана, општеството се турка во депресија и апатија. Во светот, цивилизираните народи одат кон сопствениот интерес, а за остварување на тој интерес потребни се најдобрите. Тоа овде не е случај.
Овде политиката е навлезена во секоја пора. За театарот да опстане во својата моќ и вистина, управниците би требало да се независни.
Во мое време, големата Мира Траиловиќ беше единствен управник што беше надвор од комунистичката партија и колку што знам, многумина од нас нѐ зачува со тоа.
Така што, јас не сум ги забележала тие страшни притисоци во културата, како што се случуваше на Факултетот за драмски уметности пред многу години, кога го избркаа големиот режисер Саша Петровиќ“, рече таа.
Легендарната актерка Сека Саблиќ и режисерот на серијата Павле Вучковиќ се родени на ист датум, па тимот на продуцентската куќа „Иноватив“ реши да им подготви изненадување.
Во дворот на вилата каде што снимаат, тие извадија три торти и отпеаја роденденска песна, што толку ја воодушеви Сека, што едвај ги задржа солзите.
Колегите на актерката дури запалија и свеќи за роденден, но таа одби да ги изгасне:
„Не сакам да дувам, се плашам случајно да не ја плукнам тортата“, рече Сека, која е сè уште е претпазлива поради пандемијата.