Се огласи Дунафка по разводот со Ване: Се видовме пред сведоци на тајна средба (ФОТО)

0

Минатото лето, некогашната мис Македонија, манекенката Дунавка Трифуновска преку фотографии покажа како ужива во летото со Ване Цветанов, носител на неколку функции во нашата држава.

Трифуновска во описот на фотографијата стави хаштази со „среќа“ и „сродна душа“, а фановите беа воодушевени од оваа глетка.

Потоа и Ване Цветанов се огласи на својот личен профил на фејсбук каде сподели интервју од себе и Дунавка и притоа напиша:

„Професионализмот е важен во секоја професија, а професионалниот пристап кон работите говори за одговорноста кон општеството во кое живееме..

По јавното објавување на големата љубов и започнатата искрена љубовна врска, новинарката Весна Миленковска беше единствената која што се јави, честиташе и побара потврда на информацијата.

Тој професионален пристап од страна на Весна Миленковска беше причина заедно со Дунавка Трифуновска да и ветиме ексклузивно интервју. Токму затоа преку ова интервју ги споделуваме радосните вести во целост.

Не чекаат сериозни и одговорни моменти на професионален план, па затоа двајцата проценивме дека е чесно до крај да ја запознаеме јавноста со нашатата приватност, за да можеме целосно да се посветиме на нашите професии и одговорните работи во иднина.“

Тие беа еден од најромантичните парови од јавниот живот и постојано споделуваа фотографии од нивните патувања и убави моменти.

По разделбата со Ване, на Фејсбук се огласи Дунафка која напиша:

Иако Фејсбук за мене не е медиум како и злоупот-ребата на моето име на истиот во определени статуси со цел да бидат сензационалистицки е одобрен, моите одлуки се истите што сум ги донела во јуни минатата година. Истата сум и јас.

Мојата одлука дека минатото не треба да ,,пушта ларви,, во сегашноста ,а ни малку да биде ,,едно,, со иднината, кога ќе биде испочитуван ,тогаш може да гледаме други епизоди.

До тогаш ,господинот треба да се посвети на своите обврски ,своите функции и своите деца. Дали тоа ќе го направиме во локален, европски стил или погубно во идејата ,,како мама каже…,, е личен избор.

Иако носител на јавна функција во овие времиња треба да умее да ја постави своите држаавнички интереси пред личните.
Тоа е мојот став и денес и вчера и пред една година.

Тоа е мој став и во понеделникот кога се видовме пред сведоци на тајна закажана средба од негова страна на која не бев информирана дека ќе биде присутен! Јас тајни немам.

Чувам туѓи тајни, тоа го правам маестрално. Некогаш треба да умееш сам да ги надминеш облаците ,за да го имаш сонцето. Фото бај ми“, напиша таа и објави слика како патува со црногорскиот авио превозник Montenegro Air.

Претходна статијаДаниела Темелковска повторно е радосна, пријателите ѝ пишуваат: Со среќа! (ФОТО)
Следна статијаТијана ги снимаше Тамара, внукот и синот, Вук и одговори: Молчи, те молам! (ФОТО)