Се огласи Денис Космонаутко од Градска болница и кажа каков третман имал

0

Денис Јанкуловски од Скопје, или многу попознат како Денис Космонаутко, стана особено актуелен на социјалните мрежи, во изминатата годинаипол, додека трае пандемиската криза.

Тој беше еден од оние кои одеа во домовите на лицата суспектни на корона вирус и им земаше брисеви за дијагностицирање на вирусот.

Денис потоа, продолжи да работи во салата „Борис Трајковски“, во делот на имунизацијата, а многу видни личности, функционери, новинари и актери, се пофалија дека токму космонаутко им ја дал дозата.

Денис ќе остане запаметен по тоа што, речиси секое утро, со своите пријатели на социјалните мрежи, го споделуваше своето утринско пеење, препејување на хитови од поранешните ЈУ простори.

Но Денис пред неколку денови објави дека за кратко се повлекува од своето работно место и од дружбата на социјалните мрежи, поради здравствени проблеми со жолчката.

Денис денес објави дека неговата сага успешно завршила и објасни каков третман добил во здравствената установа:

„25.06.2021г. Од дневникот на Космонаутко или “Idem kući kume, dosta je”. 5 дена во Градска болница (онаа центарската, јас уште си ја викам Градска :)). 5 дена за чиста 5ка за прием, однос, третман од целиот персонал. А тек каква супа имаат, абе прсти и лажица да излижеш. Не можам никого посебно да издвојам затоа што сите овде се ФанТасТичНи.

Во секој случај најбитното е што се реши проблемот, со што уште еднаш се покажа дека здравјето е на прво место, дека треба да го слушаме организмот и најмалите сигнали да ги третираме за озбилно а не секогаш да си наоѓаме “логични” одговори. Ова особено важи за луѓе како мене кои се 50 годишни младичи.

Почитувајте го своето здравје, не дека треба на секое да трчаме по болници но и да не ги занемаруваме сигналите.

Ви благодарам на сите за ОГРОМНАТА поддршка, енергија и љубов што ми ја праќавте и се уште секојдневно праќате, ве сакам и гушкам.

Вистинскиот одмор допрва почнува и ќе потрае. Набрзо повторно ќе се дружиме утрински само да бидам во целосна форма, зошто инаку не можам квалитетно да упропастам песна, може да ја утнам и да ја погодам.

Гуш и бац мои драги мои мноштво накај милион пријатели од Денко Космонаутко.“

Претходна статијаЈелена Спенџарска: Вие што немате, Господ нека е со вас!
Следна статијаБлазеси ѝ на Живкица со ваква наследничка, ѕвездата е родена (ФОТО)