Сара Мејс пресреќна: За ова вреди да се живее (ФОТО)

0

Сара Мејс и Димитар Атанасовски се еден од најинтересните парови на домашната сцена.

Сара, која е пејачка и харфистка и водителот Димитар, кој е косопственик на една маркетинг агенција се запознаа на шоуто „Танцот со ѕвездите“ каде што и двајцата учествуваа.

Иако нивната прва средба била во емисијата „Тротоар“ која ја водеше Димитар, во „Танц со ѕвездите“ се родила вистинската љубов.

„Не бевме во ист тим, но се гледавме често, па така почна да се развива љубов. Првиот бакнеж ни беше откако го изигравме англискиот валцер“, има изјавено Сара.

Пред четири години, тие направија уникатна свадба која ја отворија со интересен танц кој го научија во емисијата „Танц со ѕвездите“, а гостите беа воодушевени од нивниот настап.

Пред три години, се роди нивната ќерка Илина, во септември во 2018 година.

Тогаш, Димитар и Сара направија откачена фотосесија и дадоа интересна изјава дека ако ќерката се роди на 8 септември, ќе се вика Северина, алудирајќи на промена на името на државата на крајот на септември истата година.

Сара, три години откако ја роди Илина изгледа одлично, таа со специјален начин на исхрана ја врати старата линија.

Сара по повод светскиот ден на харфата, 20 октомври минатата година, а во рамките на одбележувањето 300 години од создавањето на харфата, одржа онлајн концерт, каде што со свои настапи и дела се претставија најдобрите харфисти од светот.

„Многу сум среќна што ќе настапувам на „Светскиот ден на харфата“ и ќе ја претставувам Македонија.

Инспирирана од нашата македонска песна „Се посврши Сербез Донка“, напишав дело кое што го нареков „Donka of Macedonia“, рече Сара. Тој ден беше уште по нешто специјален ден за неа, таа го прослави својот 30 роденден.

По тој повод, Димитар и подари оригинално изненадување. Не можејќи да најде харфа за торта, тој ставил ренде за јајце кое личи на харфа.

„Само маж ми Димитар Атанасовски може да е волку инвентивен. Ренде за јајца место харфа“, напиша Сара објавувајќи фотографија од тортата.

Слатката ќеркичка Илина е секогаш со Сара и со Димитар, на најмногу уживаат во природа заедно. Со нив секогаш оди и нивниот миленик.

Една убава празнична слика од Самоков објави Сара, на која е заедно со Димитар, со ќерката и со миленикот. „Само ние четворица. Не е потребен филтер“, напиша Сара.

Сара сподели убава новост, воодушевена од нејзиниот настап со харфата ви Скопје, и напиша колку е убаво да си на сцена по долго време.

-Скоро 24 часа сум под импресии, со пеперутки во стомак од вчера, ги гледам сликиве и не знам како да го срочам ова….

После 6 месеци повторно да се качиш на сцена е како да си вдишал длабоко на гради чисто планинско воздухче со мирис на тукушто расцветана лаванда…..
Енергијата што струи на сцената и енергијата што струи во публиката…. Е за тоа вреди да се живее!

Наздравувам за тоа што повторно почнавме да живееме
Ура!“

Претходна статијаУффф какви плескавици – со оваа смеса нема утка
Следна статијаЦела Македониjа и цела Европа му аплаудира, само неговите го игнорираат (ФОТО)