Една од најпознатите и најреномираните пејачки во нашата народна и популарна музика, Росана Сариќ- Тодоровска, веќе долги години активно не се занимава со музика.
Таа своето музичко враќање го направи на фестивалот „Макфест“,со песната „Спомени“.
Автор на оваа песна е Александар Митевски, и во неа се пее за сите убави спомени кои будат носталгија.
Но, ако внимателно ја слушнете, ќе сфатите дека во оваа приказна има многу за нејзината сестра близначка, Маријана, која повеќе од 30 години живее во Австралија.
Маријана и Росана, на публиката ѝ ги подарија безвременските „Признавам“, „Стој“, „Око мое“, „Молчи, молчи“, „Малечок“, „Некој треба да ме има“, кои и денес ги сака и ги пее и старо и младо.
Ноа е внукот на Росана и на Трупче, нејзиниот сопруг познатиот актер. Во Слободен печат, Росана зборуваше за внукот.
-Со Ноа се чуваме секој ден во текот на работната недела, додека неговите родители се на работа, бидејќи пред пандемијата почна да оди во градинка, без проблем ја прифати, со радост одеше, сè додека не ги затворија.
И покрај тоа што сега градинките се отворени, ние како семејство решивме дека во моментов најбезбедно би било да го чуваме јас и дедо. Секој ден ни поминува низ многу музика, смеа, шеги и игра.
Готвиме заедно, јадеме, спиеме, танцуваме, шетаме со нашата Лејди (миленичето н.з.) покрај реката Вардар, шлапкаме во вирчиња, гледаме цртани, читаме книги…“, рече Росана за внукот.
Целата кариера со Маријана ми е омилена. Направивме навистина голем број хитови, но ако веќе морам да одберам омилена, тогаш нека биде „Едно срце имам душо“ со Маријана и групата „Надежи“ со мојот пок-оен брат Мирослав“, изјави Росана во истото интервју.
Таа рече дека досега ниедно од децата не се одлучи јавно да се занимава со оваа музика, иако имаат една извонредна палета на гласови.
Кај Росана има една прекрасна новост. Имено, таа ќе стане баба по втор пат, а Трупќе дедо. Росана на својот Фејсбук профил објави фотографии од излет на Водно, каде што Ивана и Џејмс пукајќи сини балони објавуваат дека чекаат уште едно момче, а Ноа ќе добие братче.
-Нашата единица и нашата душа повторно ќе стане мајка, радоста, среќата, па дури и викањето од среќа беше неизмерно добро чувство кое просто не се опишува… Благодарност до другарките на нашата Ивана кои вчера организираа сè да биде беспрекорно убаво, и заеднички да откриеме кој пол ќе биде бебето…
Дури и ќерка ми и зетот не знаеја. Среќни сме, пресреќни и нека биде со лесно“, изјави Росана во Женски магазин.
-Ноа е уште малечок, за неколку дена ќе полни 3 години, и мислам дека уште не е свесен дека ќе има братче, но знае и кажува дека мама има бебе во мешето, хаааа. На сите им посакуваме да доживеат ваква среќа и радост“, рече пејачката Росана.