Ранко Бубамара за третата ќерка која има една ипол година: Подобро да имаш трето дете отколку три мандати во Собрание на сметка на народот

0

Ранко Петровиќ, во јавноста е познат како сопственик на радио Бубамара, човек кој ги смислува сценаријатра на манифестацијатав Златна Бувбамара на популарноста.

Тој пред извесно време распали по градоначаникот на општина Карпош Стефан Богоев. Имено, Ранко на Фејсбук рече дека детските игралишта во општината се крајно небезбедни.

-Безбедноста на детските игралишта во Општина Карпош и Скопје е на најниско ниво.
Општина Карпош и Стефан Богоев потрошиле околу 500.000 евра за одржување на спортски и детски игралишта во изминативе 4 години,

а игралиштата личат на археолошко наоѓалиште со сите рѓосани и промашени реквизити кои се поставувани во периодот од Стефче до Стефан.

Жално е да се трошат и расфрлаат големи пари , а да се нема барем малку љубов и одговорност кон децата и нивната безбедност.

Ставаат нови реквизити, а старите исечени делови ги оставаат да рѓосуваат во песокот, не прикажуваат сметки колку е потрошено за кој реквизит, гаранција, одговорност ни увид за безбедност на игралиштата.

Фотографиите се од населба Трнодол. Чудно е како приватните училишта и игротеки имаат поубави и побезбедни игралишта од нашиве прескапо платени општински оази за детска игра“, објави Ранко Петровиќ.

Ранко е инаку семеен човек и татко на три деца. Најмалата негова ќерка Јана има една ипол година, а тој ретко во јавноста го покажува своето семејство.

Неодамна, Ранко со својот пријател Никола Перевски- Пере од групата „Нокаут“ се сликаше за Нова Македонија. И Пере е татко на три ќерки, Каја, Михаела и Софија, и раскажаа како им поминува секојдневието.

Секојдневието на Ранко Петровиќ и на Никола Перевски-Пере, периодов е многу слично.

Ги будат нивните мали ќеркички Јана и Софија, нивните трети деца, а се знае дека кога денот ќе ти започне со детско гласче и со насмевка, мора да биде убав и мотивирачки.

И воопшто не им е тешко да се грижат за малите принцези, Јана Петровиќ има една и пол години, веќе оди сама и личи на мама, а Софија Перевска има само шест месеци, цела е на тато и знае да се смее и да гуга“, пишува Нова Македонија.

Ранко и сопругата Маја се родители и на ќерката Ангела (16) и на синот Марко (15), а Пере од првиот брак ги има ќерките: Михаела (22) и Каја (14). Значи и двајцата бебе во прегратка држат по точно 14 години.

– Во држава во која немаме право на нормален живот, убаво е самите да си го направиме поубав.

Мислам дека е подобро да имаш трето дете отколку три мандати во Собрание како пратеник на сметка на народот.

Инаку, кога се роди Јана цел месец имаше привремено име ФИРОМ, па се мислевме нешто да биде поврзано со север, а на крајот сепак таа го доби ова убаво македонско име.

Шегата на страна, на сите им препорачувам да имаат најмалку две, три деца. Јас отсекогаш го посакував тоа и искрено се чувствувам многу помлад откако таа дојде на свет“, изјавил Ранко Петровиќ за Нова Македонија.

Фото: Принтскрин Инстаграм, Никола Перевски- Пере, фотографија на Маја Јаневска- Илиева

Претходна статијаЌерката на Гоце Тодоровски објави слика со мајка си Тања, како да се сестри (ФОТО)
Следна статијаМиа Костова: Имам главоболки неподносливи и аналгетици секој ден за да станам од кревет