Познатата пејачка Андријана Кеш инаку се презива Ацевска но е позната по прекарот Кеш поради песната „Кеш“. Таа всушност има почнато како пејач на забавна музика и во детски емисии.
„Народно почнав да пеам откако ја снимив песната „Кеш“, рече таа во емисијата „Магазин“ каде што беше гостинка. Раскажа дека на фестивалите на забавна музика во Прилеп пеела заедно со Тоше Проески.
-Јас сум премногу самокритична и знам да си се налутам на самата себе ако непромислено направам било што, така што критиките ми се и тоа како битни за да се потрудам да бидам подобро доколку доаѓаат од вистински личности. Што се однесува до хејт коментарите ги имало и ќе ги има.
Приватно сум сосема друга личност од она што го гледа мојата публика на моите настапи. Јас преферирам да се облекувам спортски или нешто во што се чувствувам комотно, најчесто патики или чевли без потпетици. Дома кога сум редовно си носам пижами.
Да се биде јавна личност е една од најтешките професии и тешко кој може да го издржи тој притисок, особено кога си жена.
Некогаш ми годи кога се најдени вистинските зборови за физичкиот изглед, сепак би сакала повеќе да се зборува за трудот кој го вложуваме во она што го работиме, бидејќи сепак секоја професија си носи свои тежини, а неблагодарно е кога акцентот не се става и на тој труд“, изјави таа во интервју за Вечер прес.
Во Магазин, зборуваше и затоа колку сака да се дружи со колегите, а еден нејзин колега и пријател Борче Димитров од групата „Рафинерија“ зборуваше за неа.
-Јас откако ја познавам не сметам дека е изложена на лоши коментари, таа како да има потреба да си ги бара коментарите и да се рчка, по Фејсбук и по други социјални мрежи и знае да се јави: Како бе човек вака?
Зошто бе човек вака? Знае да ја погоди, меѓутоа брзо ѝ проаѓа. На крај ќе каже: Па, ми е гајле сега, што да правам?“, раскажа Димитров за тоа дали Адријана е погодена од коментарите. Потоа раскажа случка за една свадба каде што била таа, а тој дошол со неговата сопруга.
Ми се сврте низ глава еден приватен настап, една случка, кога бевме поканети на свадба кај една наша колешка, и договорени да одиме заедно, секако сме на иста маса. Излегуваме од кола јас и мојата сопруга.
И таа и сопругата облечени од глава до пети сосема исто. Се фатија за глава: Што ќе правиме сега, ајде да се пресоблекуваме.Јас им викам: Не, топ сте! Тоа се заборави на брзаина, инаку беа спремни двете да се пресоблечат“, рече Борче Димитров.
Потоа Андријана раскажа дека таа е професионалец во својата работа и секогаш се труди да е убаво облечена, макар и кога оди во маркет.