Познатата фолк пејачката од Охрид се пофали со слика со важен човек (ФОТО)

0

Фолк пејачката Ани Малинкова, популарна и кај нас и во дијаспората рече дека многу ѝ недостигаат снимањата на познатата емисија „Мерак меана“ на Сител.

Малинкова во емисијата Магазин пред неколку месеци изјави дека постојано ѝ се јавуваат пријатели од цела Македонија и од странство и ја прашуваат кога ќе продолжи снимањето кое е прекинато поради пандемијата.

Пријателите на Малинкова ги следат репризите кои уште се емитуваат.

-Со Вики Среброва редовно се гледам, не можам да го прекинам дружењето со неа затоа што ми е многу интересно, Блага Петреска исто така да ја поздравам, Кате од „Нели ти реков“, рече Малинкова на гостувањето во емисијата „Магазин“, и додаде дека со колешките се дружи онлајн.

– Додека трае пандемијава, јас дома си се забавувам со моите ќерки, си правиме некои специјалитети, за ручек, за вечера, пееме, јас често пеам дома“, реаскажа Ани.

Постарата ќерка на Малинкова е прва година на факултет, а помалата е четврта година во средно медицинско училиште.

-Исто го користам денот за да одам на Водно, препознатлива сум кога одам на стазата, до Средно Водно.

Поретко одам до крстот, ама до Средно Водно секој втор или трет ден“, рече Ани но и откри дека многу дека многу сака да пее староградски песни и странски балади.

Ани својата кариера ја започнала на 17 години, кога од Кавадарци дошла во Скопје и попчнала да настапува во емисијата „Оваа сабота“ на Димитар Масевски.

За оваа емисија таа рече дека била ловец на таленти.

Исто така раскажа дека снимила 5-6 албуми со песни од фестивали и благодарници и награди за кои веќе нема место каде да ги стави. „Јас настапував по свадбени веселби, кршетвки.

Цела Америка ја имам прошетано, нема црква во којашто не сум нстапила, кај нашите иселеници што живеат во Америка, во Австралија на тие турнеи.

И во Европа, нашите македонци едвај чекаат да дојдеме и да слушнат македонска музика“, рече пејачката.

Таа спомена и дека пее со својата снаа, Наташа Малинкова, познатата пејачка која живее во нивниот роден крај, Кавадарци.

„Сега немаме лозје, само јадеме грозје, пиеме вино и пиеме ракија.

Кога бев помала, јас 24 часа бев надвор, се дружев и со машки и со женски. Јас повеќе со машки се дружев“, рече Ани за своето детство.

Таа рече дека многу се занимава со социјална мрежа ТикТок и се пофали дека има голема гледаност и контактира со луѓе од целиот свет.

Исто така, раскажа и дека видеата ги снима на својата мејк ап лампа и тоа многу ја разонодува.

-Вежбам дома аеробик. Со мајка ми си правам муабет и ги гледаме рецептите со здрава храна.

Многу рецепти имаме заедно, а некогаш и ќерките готват. Миењето садови, ми останува на мене.

Имам и миленичиња, куче и мачка, и денот ми е исполнет. Овој период го сфаќам како одмор“, рече пејачката.

– Ќерките најмногу сакаат рижото со пилешко, а сакам и јас, ама многу сакам и да виткам сармички од лозов лист“, се пофали пејачката за својот домаќинлук.

Малинкова е сега во Охрид и на Фејсбук се пофали дека се сликала со важен човек. Чест ми е денес во Охрид да се сретнам со Јошка Броз, внукот на Тито“, напиша Малинкова.

Претходна статијаПосле втората доза, кога му седнавме во бар: Берта Додевска за имунизирањето
Следна статијаБорче од Кавадарци направил изненадување и хумана акција што сите ќе не замисли (ФОТО)