Порасна ќерката на Гавазова, мама Сузе ѝ упати емотивни честитки за роденден (ФОТО)

0

Сузана Гавазова е една од нашите најбарани и најпопуларни пејачки. Таа пред осум години од родната Струмица раскажа дека се сели во Шведска, каде го сретнала човекот на својот живот.

Станува збор за Јасмин Курузовиќ, кој долги години живеел и работел во Шведска. Тогаш Гавазова изјави дека се запознале за време на нејзина турнеја, и по само еден месец тој ја побарал нејзината рака.

-Јасмин е човекот кој го барав цел живот. Се се случи бргу, но јас сум среќна – ни изјави таа веднаш по свршувачката.

Набргу ги добија и двете ќерки, Емили и Селена, а потоа решија да се вратат дома, во Македонија.

Јасмин и јас сме доказ дека кога љубовта е во прашање нема граници. Заедно сме седум години премногу ни е убаво заедно не ни забележавме кога поминаа, изјави своевремено Гавазова.

– Сузана секогаш стоеше на ставот дека каменот си тежи на своето место, затоа и веста дека ќе се врати во Македонија не не изненади многу.

Таа имаше ветувачка кариера кога замина во Шведска, освои многу награди на наши фестивали, работеше професионално. Сега ќе продолжи таму каде што застана – изјави за Фокус нејзиниот соработник, продуцентот Ване Петкоски.

Таа неодамна објави фотографија од неа и од сопругот на која се гледа дека се среќни и насмеани и со неа назначи колку поддршката од сопругот кој ѝ е ветер во грб ѝ е важна. До сликата што ја објави со Јасмин, Сузе напиша: Заедно сме посилни!

Јасмин пак, својата сила ја покажа во Охрид, каде што и покрај се уште студената вода, реши да ја отвори сезоната и се искапе во езерото. Тој до сликата напиша: Само за оние со јаки!

Но, уште едно езеро ќе им биде на дланка на Сузе и на Јасмин. Причината е новата вила што тој и Гавазова ја градат, а според сликите кои ги објави, избрале прекрасна локација.

„Нов проект“, напиша мажот на Гавазова до сликите од вилата која почнува да се гради, а глетката е милион долари, целото Дојранско езеро на дланка!

Според најновата снимка на неговиот Фејсбук профил, градењето на вилата напредува одлично.

Јасмин неодамна сподели слика како Сузе го бакнува, а сликана е во теретана. Всушност тоа е спомен од 2016 година, но парот и денес е исто така вљубен како и тогаш.

Малку тренинг, малку бакнежи, пишува до сликата на Јасмин и Сузе. Но, во една своја објава, тој ги покажува двете ќерки кои се убави на мајка им, Емили и Селена.

Споделувајќи слики од ќерките, тој кратко напиша: Моите убавици! Сузе објави слика од својата ќерка Селена со посебен повод. Таа наполни шест години. Гавазова до сликите од својата убавица напиша:

-Денес нашата ќерка Селена полни 6 години. Ќеркичке моја мила, биди ми жива и здрава и секогаш весела и насмеана. Ти си цвет на љубовта што сее љубов, добрина со неизмерна убавина! Те сакаат мама, тато и Емили.

Претходна статијаШабан ќе беше горд, не ја дочека најголема радост на својот внук, Лука стана татко (ФОТО)
Следна статијаЌерката на Чола е како манекека, фрчарт коментари за нејзиното згодно тело (ФОТО)