Покачен притисок после имунизација: Проф. д-р Даниловски смирува и објаснува дека ова е минлива состојба

0

Во групата „Ковид 19 искуства и совети“, беше поставено прашање околу покачен притисок, после имунизација:

„Здраво на сите. Денес се вакцинирав со синофарм прва доза. Омалаксанист болка во раката. Но притисокот ми е многу висок 170/100.. Ке ги молам почитуваните доктори да ми кажат дали е нормално или некој совет ке ве молам.. Некако не ми е добро..“

Професорите Драган Даниловски, Нико Беќаровски и Никола Пановски редовно, на дневна основа, несебично одговараат на прашањата на граѓаните. Во случајов, одговор даде нашиот водечки епидемиолог, проф. д-р Драган Даниловски:

„Покачен крвен притисок после вакцинирање не треба изненадува ако се појави, особено кај граѓани во позрела возраст и оние кои секако си страдаат од хипертензија.

Тоа е минлива појава и се должи, од една страна, на потенцираниот психички стрес во периодот околу примање на вакцината, а од друга страна, имуниот одговор кон вакцината подразбира не само реакција на имунолошкиот систем, туку подигање на нивото на возбуденост практично на организмот во целина.

Организмот ја доживува вакцината како „нап аѓач“ однадвор што му го загрозува интегритетот, (настрана реакциите на имунолошкиот систем).

Веднаш се лачат катехоламини (адреналин, норадреналин), кои ги стимулираат адренергините рецептори, а овие, пак, го стимулираат симпатичниот нервен систем.

Како последица, се подига тонусот на мазната мускулатура во ѕидовите на васкуларната мрежа, заради што се покачува притисокот. Истовремено се зголемува срцевата фреквенција.

Сето тоа е со цел да се испумпа повеќе к рв во мускулите, што ќе овозможи нивна подготвеност за брза (хипотетична) одбранбена реакција! Тоа е механизмот.

Се разбира, минлива реакција е. Колку ќе потрае, зависи од личноста. Некои тешко се справуваат со вакви предизвици, па веројатно треба да си помогнат со некој транкилизар.

Ако тоа не помага, треба да се посегне и по антихипертензивна терапија. Оние кои секако биле на ваква терапија, привремено би требало да земаат повисоки дози – се разбира, после консултација со својот лекар“, одговори професорот Драган Даниловски.

Претходна статијаСека Алексиќ прозборе за проширување на семејството, ќе има пет деца
Следна статијаДали е ова крај на сагата: Роберт Ордановски и напиша на Агнеса емотивен статус