Пејачката Јулија на терапија на село: Еве ме мене, еве ги овците (ВИДЕО)

0

Пејачката и водителка Јулија Мациев, последниов период отворено зборува за својата голема животна борба, борбата на нејзината ќерка со канце-рот.

Јулија на Фејсбук објавуваше фотографии од нејзината ќерка во болнички услови како прима терапија и добиваше поддрршка од многу пријатели.

Како што е познато, ќерката на Јулија е ликовен уметник, и токму нејзините коелги, уметниците решија да ѝ помогнат да се избори во тешките мигови.

На Фејсбук, од неодамна е активна групата „Уметниците за Андријана Мациев“ каде бројни еминентни академски сликари и ликовни уметници ги постираат своите избрани уметнички дела кои се достапни во продажба по многу прифатливи цени, за сите кои ја сакаат уметноста и кои, се разбира, сакаат да ѝ дадат поддршка на ликовната уметница Андријана Мациев, во борбата со канц-ерот“, пренесе Слободен печат.

Јулија е пејачка, новинарка, а со години наназад и ТВ водителка, но последниве, таа стана и тренер за личен раст и развој, откако ја загуби својата мајка која ѝ беше голема поддршка.

Таа уште на млади години го изгуби сопругот и животот го посвети на својата ќерка Андријана, а последните две децении и на внуката Стефанија. Стефанија е актерка и Јулија и нејзината ќерка се многу горди на неа.

Јулија неодамна објави слики од внуката на театарска сцена. Таа и ќерката Андријана беа да ѝ дадат поддршка и тогаш Јулија напиша дека тоа е првото излегување на Андријана од дома по шест месеци.

Ова ли е нашето девојче од сцената? На сцена енергична,моќна, вистинска ѕвезда…Инаку за нас, нашето девојче Стеф, нежно, едноставно, без шминка, природна…

Вечерва уживавме со Андријана гледајќи ја нашата звездичка Стефанија. Ова беше и прво излегување на Андријана, после 6 месеци. Беше волшебно чувство со моите две принцези. Фала Му на Бога.

Таа зборува на турски јазик и студира на турски јазик на ФДУ, во класата на професорот Елyеса Касо. Инаку таа го научи турскиот јазик, синхронизирајќи турски серии, уште од малечка, за ТВ СИТЕЛ.

Првин синхронизираше детски ликови, па како растеше добиваше сè посериозни ликови на девојки. Така таа го засака турскиот јазик, а можам да кажам дека е полиглота“, објави Јулија за својата внука.

Таа својата работа како мотивациски говорник или лајф коуч сега ќе ја проширува и во Србија.

Имено, Јулија направи Фејсбук група BUDJENJE SA JULIJOM, и во неа на овој начин ги покани нејзините нови прихатели од Србија но и од целиот регион да ѝ се придружат, со порака на српски јазик:

-Хероите не стануваат големи во пријатните периоди од нивниот живот. Големите и благородни души на овој свет стануваат силни и морални кога ќе бидат одлучни во бурите на неволји и сомнежи.

Кога ќе се соочиме со нашите најголеми слабости, ќе добиеме шанса да ја искалиме нашата најголема сила.

Затоа, вистинската моќ не потекнува од пријатен живот, туку од интензивен напор, посветена дисциплина и постојана акција во насока за кое вашето суверено ЈАС знае дека е во исправно.

Да продолжиме, тогаш кога до болка сакаме да запреме, да напредуваме кога сакаме да се откажеме, да продолжиме кога ќе почувствуваме желба да кренеме раце – значи дека со право го бараме своето место меѓу големите воини и благородни души, кои со својата решителност го водеа човештвото кон подобро. Ве сакам

За водство во личниот развој, работете на себе, енергетските третмани, пишете ми на ФБ или на имеил budenjesojulija @ gmail. com Придружете се на групата Будење со Јулија“.

Таа објави видео, како шета во природа со својот миленик, довикувајќи ги овците, и зборуваше на српски јазик, а во видеото порача:

Поврзување со природата, прекрасните мои божанствени души, еве ме мене, еве ги овците. Колку прекрасна глетка. Еве го и мојот Лари, трча по нив.

А овде до мене е мојата чуварка, мојата кучкица, мојата убавица. Вдишете и издишете длабоко, поврзете се со мајката земја, поврзете со со воздухот.

Дајте си на себеси малку време, да се соедините со природата. Забавете, забавете во се забавете, и дајте си на себе бараме пет минути оддишка.

Инспиративното видео на Јулија можете да го погледнете ТУКА. 

Претходна статијаЌе се наплаќа ли влез на плажите во Македонија?
Следна статијаСите гледаа во познатата водителка Сања, како да има 20 години, а не 47 (ФОТО)