(ФОТО) Ова е мајката на Татјана Лазаревска – Новица ѝ запеа песна и ја нарече бабиче убава

0

Татјана Лазаревска и сопругот Новица Василевски кои живеат во Австралија, со синовите Петар и Стефан долги години се разделени од своите семејства во Македонија.

Но и тие, колку што можностите дозволуваат доаѓаат дома во татковината кај наблиските. Татјана има мајка, Снежана, а татко и за жал го има напуштено овој свет.

За болката откако останала без својот татко, во една прилика, Татјана ја има раскажано целата приказна, во Женски магазин за тоа како се тешела по оваа голема загуба.

– Вечерта кога татко ми си замина имав настап во Гостивар. Го откажав, тоа беа најтажните моменти во животот. После две недели имав настап кој беше претходно закажан, можев да го откажам, но не го сторив тоа.

Знаев дека микрофонот ќе ми биде лек за големата болка. Кога се качив на сцената и почнав да пеам, се обидував да бидам весела и да се контролирам да не заплачам, за да не го нарушам расположението на луѓето.

Направив убава атмосфера. Кога му кажав на газадата на локалот за мојата болка, тој не можеше да поверува колку професионално го изработив мојот настап.

– Единствено заплакав кога настапив истата година на „Прилеп фест„ Таму ја пеев песната „Мојот ангел„ која му ја посветив на татко ми. Болката и емоциите ме победија.

Му благодарам на Господ што ми даде ваква дарба да пеам и да ја работам оваа работа. Животот е падни- стани. Кога ми е тешко, а сум дома се случува да се однесувам поемитовно и да се расплачам на моменти.

Но, само што ќе тргнам на настап го исклучувам „копчето за емоции„ и по автоматизам станувам весела и расположена за песна“, раскажа за Женски магазин Татјана.

Нејзината мајка, денес слави роденден, а Татјана и Новица и честитаа како што најдобро знаат, со песна, на Фејсбук.

Прво, со честитката почна Татјана: Мамичке моја наскана, среќен 66 роденден“, а потоа се уфрли Новица кој рече: Бабичке убавичке!

Татјана продолжи: Да си жива и здрава, многу те сакаме и многу ни недостасуваш, ама затоа ќе ти испееме песна“, рече среќната ќерка и запеа роденденска песна заедно со својот сопруг. Всушност Татајана ја испеа својата песна „Среќен роденден“.

Според сликите на мајката на Татјана на Фејсбук, таа е убава жена, а Новица е среќен што има таква млада и убава баба.

Претходна статијаОд утре, Германија се отвора за Македонци
Следна статијаВо чест на жена му: Џамбо Агушев откри која песна ја бара Пандев да се пее на прославите по победите