Кај поранешниот директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) Роберт Орданоски, од почетокот на оваа година, се случуваше вистинска љубовна драма.
Тој на необичен начин на Фејсбук, со јавен статус објави дека се разведува од својата сопруга Агнеса. Оваа информација, тој ја сподели нарекувајќи на Агнеса „фотошоп барбика“.
Тој рече дека Агнеса се оладила од него оти веќе не е директор. Поводот за објавата беше роденденот на неговата ќерка.
По ова се огласи и Агнеса со изјава за „Фокус“. „Брачните проблеми и недоразбирања се решаваат во четири очи, а не на социјални мрежи!
Таа додала дека со Ордановски се во брак 18 години и проблемите треба да ги решат меѓу нив, цивилизирано, а не јавно.
Се чини дека сега тие и официјално ја завршија својата врска, својот брак, на цивилизиран начин. Роберт Ордановски синоќа на социјалните мрежи напиша:
„Конечно заврши повеќемесечната сага… Агнеса Органџиева, ти благодарам за 19те прекрасни години и за принцезите што ми ги роди, ти посакувам се најдобро во животот… А јас, јас продолжувам по својот пат“, напиша Ордановски на социјалните мрежи.
Откако се раздели од Робет Орданоски, поранешниот директор на АЕК, Ангеса Органџиева е една од нашите најпопуларни ифлуенсерки.
Себеси се опишува како среќна мајка на Вивиен и Тифани, двете ќерки без кои не би можела да си го замисли животот.
-Јас како мајка сум доста сериозна и одговорна. Практикувам сè да е по распоред …хранење, капење, спиење, игри, бидејќи за мене секогаш е важен и корисен режимот.
Можам и слободно да се наречам кралица на игрите. Иако на изглед наликувам на поладна личност, вистината е дека за мене моите деца се центарот на универзумот и секоја моја акција ја правам во име на нивната среќа.
Среќата на децата не се постигнува со постојано исполнување на нивните желби, моите деца си имаат свој свет, свои правила и се трудам да им биде магичен.
Секогаш заедно се договараме и заедно работиме на остварување на некоја желба… тие се толку скромни деца што се радуваат на мала ситница и сум горда на тоа што знаат на мала работа да бидат среќни“, изјави Агнеса во mama.glamur.mk.
Една од нејзините објави е слика со мајка ѝ, Гордана, на која се гледа дека таа е убава и негувана дама, а Агнеса многу личи на својата мајка.
Агнеса е и голем верник што покажува нејзиниот последен пост кој е различен од другите. Овде нема шминка, фризура и скапа облека.
Таа замина на поклоничко патување во Црна Гора, во манастирот Свети Василије Острошки. Изгледа дека во Острог, молејќи се, таа го пронаоѓа својот мир.
И Орданоски, по разводот, сподели пост кој е различен од останатите, а него се гледа дека тој ужива излегувајќи по скопските локали.
Една од многуте негови слики на кои е излезен дали со ќерките или со друштво е сликана во популарен скопски клуб, и на неа сосема кратко пишува: Сношти.
На прв поглед, Орданоски изгледа дека е сам на сликата, но зад него ѕирка жена со руса коса, па изгледа дека по Агнеса, тој повторно ужува во друштво на уште една „плавуша“.