Огнен Здравковски објави: Наскоро добивате датум!

0

Еден од нашите најдобри пејачи, Огнен Здравковски во Македонија важи и за еден од најпопуларните пејачи. Тој се „вивна“ на естрадното небо, во последната сезона на музичкото шоу „Sвезде Гранда“ беше под менторство на Марија Шерифовиќ.

Здравкоски успеа да стигне до финалето, но не успеа да ја освои победата. Во музичкото шоу тој често добиваше пофалби од жирито, а важеше и за еден од фаворитите.

Летото минаатата година, порталите ја пренесоа веста дека Огнен е позитивен на новиот вирус. Тој на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од болница се огласи и ги потврди пишувањата на домашните медиуми.

Потоа, објави дека и неговата мајка Софче Џорлева се изборила со вирусот. Оваа година почна лошо за Огнен и за целото негово семејство.

Засекогаш си замина неговиот вујко, легендарниот виолинист Зоран Џорлев. Огнен тешко ја поденсе за губата. На големиот празник, Божиќ, тој на Фејсбук објави силна порака:

-Драги мои, радувајте му се на животот, сакајте се, ширете љубов и добрина, ценете го тоа што е ваше и што го имате како да е последно нешто што животот ви го дал.

Тенка е линијата помеѓу среќа и тага, помеѓу живот и см -рт, па затоа славете го раѓањето Христово како симбол за нешто најсвето!

За мене ова е најтажниот и најболниот Божиќ во мојот живот, но не престанувам да се молам на Бога да ми даде сила за да се исправам на нозе и да продолжам да чекорам исправено! “, напиша тогаш Огнен.

Огнен Здравкоски на публиката стана познат по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ 2018/2019.

Здравкоски се посвети на својата музичка кариера, сними песни, а често може да го видиме и во емисиите на Гранд телевизија или во студиото каде се снима музичкото шоу.

Пејачот неодамна направи промена односно стана русокос, па сега за „Grand news“ откри зошто се одлучил за таков чекор.

„Сакам промени и ги следам трендовите. Почувствував потреба за промена, а воедно и подготвував нов спот во кој сакам да изгледам поразлично“, вели Огнен.

Тој вели дека некој кој сака да се занимава со естрада треба да експериментира и дека се кае што не правел промени додека бил во „Ѕвездите на Гранд“.

„Најважно е да бидете различен и луѓето да ве запаметат. Јас додека се натпреварвував немав промени и ми е кр иво што не го правав тоа затоа што можеби ќе поминав подобро, луѓето паметат кога си впечатлив“, изјави Здравкоски. Финалистот вели дека му недостигаат „Ѕвездите на Гранд“.

„Гледам секоја сабота и ме недостигаат. Кога повторно би се пријавил, Марија Шерифовиќ ќе ја земам за ментор“, вели Огнен.

Сега, откако Владата повторно ги дозволи настапите во живо во клубови, Огнен како и повеќето негови колеги им се радува на „тезгите“ и на Фејсбук објави снимка како ја пее песната „Све је лаж“ од Дино Мерлин.

На снимката, до него се гледа многу весела публика, а Огнен порача:

-Иии конечно се враќаме со настапи!!! Сезоната ја отвараме во Струмица, наскоро добивате датум!!! ДАЛИ СТЕ СПРЕМНИИИ!?!?!

Претходна статијаФолкерката Сања Барби прво си се пофали па се искара: Кој би здрмал ако не јас, толку ви е капацитетот да процените (ФОТО)
Следна статијаЛуксузен одмор во Шпанија со приватен спа центар- што доби Цеца за роденден од Анастасија?